Mazda отповика 190 илјади автомобили!

Производителот на автомобили од Јапонија,  Mazda, поради лошо направените бришачи на ветробраните на своите автомобили, повлекува речиси 190.000 Mazda 3 модели…

Продавачите од трети јуни тековната 2019 година, без никаков паричен надомест, ќе прават замени на управувачкиот модул на предниот бришач, пренесува агенцијата AP.

 

Во документите што ги објавила Американската Национална Управа за Безбедност во Сообраќајот, јапонската компанија навела дека ќе ги повлече моделите на Mazda 3 што биле произведени во периодот од 2016 до 2018 година..

Производителот на автомобили од земјата на Изгреј сонцето во своето соопштение објаснил дека поради оваа неправилност не може да дојде до евентуално испаѓање на бришачот, а воедно, до овој момент нема извештаи за судири или сообраќајки поради постоењето на овој проблем.

Сопствениците на Mazda 3 автомобилите произведени во наведениот период ќе добијат повик за вонредна посета во овластените сервиси и за замена на неисправниот дел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот T-Cross доби пет ѕвезди во Euro NCAP тестовите

Scania NXT концепт возило- дење вози патници, ноќе транспортира смет!

FCA и Aurora ќе прават RAM комерцијални возила без возачи!

 Нов SUV на струја – Ford Territory

Колку производители нема да се појават на IAA 2019 Frankfurt Motor Show!

Крпеници на пат што траат 10 години!!!

Во своите погони во Чешка Hyundai 3.000.000 автомобил

Епска борба – Ford  против Ferrari

Електричен Mini Cooper S E влече Boeing 777F