Mazda прославува 100 години од основањето

По тој повод можеме да се потсетиме на некои важни моменти и податоци од историјата на марката што Јапонците сами ги издвоија …

Се почнало со производство на плута во фабриката во Хирошима, се до моментот додека не ја преземал Јуријо Матцуа во  1921 година, кој Toyo Cork Kogyo Co.

Ја претворил во фабрика за производство на машински алати.

Првото возило на Mazda не бил автомобил туку pick-up со три тркала што се викал Mazda-Go, а неговото производство почнало во 1931 година.

По завршувањето на Втората светска војна, производството продолжило во Хирошима и тоа само неколку месеци од ударот на атомската бомба.

Првиот патнички автомобил на Mazdа – малиот R360, на јавноста е претставен во 1960 година.

Исто така Mazda била и прв голем производител на Wankel моторите по потпишувањето на договорот со NSU во 1961 година, каде стои дека ја добиле лиценцата од дизајнот на Феликс Ванкел (Felix Wankel), по што ги исправила недостатоците на тој мотор, што низ годините движел илјадници автомобили и pick-up возила до неговото изумирање  со спортските модели RX-7 i RX-8.

Моделот Mazda MX-5 е претставен во 1989 година и стана убедливо најпопуларниот автомобил на марката и најпродаваниот „спортист“,  со две седишта во историјата со повеќе од милион продадени примероци.

Покрај тоа, Mazda e првиот бренд од Азија што победил на легендарната тркка 24 часа Le Manѕ  во 1991 година, додека, пак, моделот X-7 има постигнато најмногу победи во GT шампионатот  IMSA.

Еден век на постоење на Mazdа со сеопфатна поставка е претставен во централата на компанијата на 30 јануари тековната 2020 година.

„Мазда е создадена како фирма што произведува плута, а потоа тргнала и во производство на автомобили “, рекол Акира Марумото, претседател и CEO на јапонската компанија во текот на прославата.

Во своето обраќање тој, помеѓу другото, рекол „ Нашите автомобили денес пронајдоа „пријателство“  со купувачите во повеќе од 130 држави и региони во светот.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бил Гејтс си купи Porsche Taycan и го револтира Елон Маск!?

VW до 2023 ќе произведе електричн теренец во масови бројки!

Новиот SUV на Maserati ќе стаса во 2021 година

Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Prophecy concept прв резултат на соработата на Hyundai и Rimac дебитира во Женева 2020

Dacia на струја може да стаса во наредните две години!

Пристигнува електричен pick-up Fisker Alaska!

Новиот Audi R8 добива хибриден погонски систем

Од Lamborghini најавен тркачи автомобил со V12 мотор