Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

По повод 100-годишнината од јапонскиот производител на автомобили, крeацијата Mazda RX-Vision GT3 дебитира во играта PlayStation Gran Turismo во 2020 година и уште еднаш буди „руморења” за спортскиот автомобил Wankel Mazda RX-9! …

Врвниот Top Gun модел Mazda RX-Vision GT3 за играта PlayStation, Gran Turismo, на Јапонците во 2020 година дополнително ги подгреваа гласините за патниот, пазарен модел RX-9.

Виртуелниот тркачки автомобил е базиран на концептот Mazda RX-Vision, претставен во 2015 година.

За употреба на виртуелна патека, програмерите „донираа” раскошни спојлери, застрашувачки странични цевки зад предните тркала и впечатливи светла. Моторот Wankel со четири-комори е подобрена со најновата SkyActiv-R технологија и најавува враќање на патот на успехот што го имаше победникoт во 1991 година, на Ле Ман, моделот Mazda 787B.

Проектираната моќност е 562 КС, што на Mazda RX-Vision GT3 ќе  и обезбеди респектабилна изведба за 1250 кг.

Дали ќе го видиме овој болид и на асфалтот и дали е ова вистинско „враќање“ на Mazda со унапреден Wankel мотор…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе возат електрични автомобили на Audi

Промотивно видео Rolls Royce Wraith Kryptos Collection Car

Tesla ја надмина вредноста на Toyota и стана највредна автомобилска марка

Storie Alfa Romeo, 10 епизода – Giulia и Stelvio се одраз на 110 години италијанска извонредност

Porsche 911 Turbo S или Taycan Turbo S…?