Mazda3 и со TCR варијанта со 350 КЅ

Натпреварувањето Touring Car Racing сега стана уште поконкурентно со дебитирањето на новата Mazda3 TCR

Од Mazda потврдија дека се  вклучуваат во Touring Car Racing – TCR, откривајќи ја целосно новата Mazda3 TCR.

Автомобилот ќе дебитира на тркачката патека на дербито на 26 јануари 2020 година кај Rolex 24, како дел од 2020 IMSA Michelin Pilot Challenge и ќе биде понудена за 175.000 американски долари.

Mazda3 TCR го задржува впечатливиот дизајн на хечбекот, со додавање на низа сериозни аеродинамички компоненти, вклучувајќи храбар преден сплитер, карактеристични странични прагови и големо фиксирано задно крило.

Ваквата изведба на Mazda ќе биде погонувана од четирицилиндарски турбо мотор кој испорачува моќност од 350 КЅ преку шест-степен рачен менувач.

Автомобилот е развиен во соработка со Long Road Racing, кој е исто така одговорен за автомобилот Global Mazda MX-5 Cup, а е хомологиран да се натпреварува на кое било од 36-те првенства одобрени со TCR низ целиот свет.

TCR претставува одлична можност за нас да ја покажеме новата Mazda3 и да им обезбедиме на нашите клиенти друга опција за натпревар со возилата на Мазда“, изјавил Масахиро Моро претседателот и главен извршен директор на Mazda во Северна Америка, .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai iMax N Drift Bus со повеќе од 400 КЅ!

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Супер автопат ќе ги поврзува Лондон и Њујорк, преку Москва

Обединетите Арапски Емирати со хипер автомобил Dragon

Alfa Romeo спонзор и на 1000 Miglia 2020

Паѓа последниот бастион на возачите: Autobahn со лимит 130 km/h!?

Првиот Lamborghini на струја Grand Tourer пристигнува 2025!?

Златан Ибрахимович за 38 роденден се почести со Ferrari Monza SP2

Спектакл: Денови на Abarth 2019 – 70-годишнина на црвената скорпија