Префинетиот бензинец со моќ од 122 KS реално ќе троши шест литри на 100 km и ќе претставува силна алтернатива на дизел агрегатите, a со севкупната прво класна изведба новиот компактен адут од Хирошима станува силна конкуренција на најавениот Volkswagen Golf VIII
Полека наближува денот на промоција на новата генерација на Mazdа3, новиот првенец во C-сегментот на пазарот.
Но, додека информациите за терминот на неговото пристигнување и за цените на домашниот пазар се прекриени со превез на тајност, еве некои информации што „протекоа“ на италијанскиот пазар од тамошните специјализирани портали.
Основниот модел Skyactiv 2.0 M-Hibrid со моќ од 122 KS, што работи на 24V заради зголемена ефикасност и намалување на масата на каблите, реално ќе троши околу шест литри на изминати 100 km и ќе чини 23.200 евра, a за дизел верзијата со мотор од 1.8-литри треба да се издвојат најмалку 25.400 евра.
Интересен е и податокот дека еднакви цени ќе имаат и компактната (hatchback) и лимузинската (sedan) верзија.
Колку ќе изнесуваат цените на македонскиот пазар во моментов не се знае, а реално е да ја очекуваме од септември, или во последниот квартал од тековната 2019 година…