Mazda6 со заден погон и мотор со 6 цилиндри во линија за 9 месеци!

Не беше можно да се доловат плановите на менаџментот на Mazda што се чинеа  дека се „без почеток и крај“ во изминатите неколку години, барем кога станува збор за портфолиото на производи….

Ова јасно се однесува на иднината на атрактивната Mazda6, иако приказната за тоа како популарниот седан ќе се префрли на платформа со погон на задните тркала кружи веќе долго време.

Тоа се уште не се случило, и покрај фактот дека ја слушаме истата приказна од 2017 година.

Но исто така оваа приказна никогаш не стивна и не беше негирана од првите луѓе на производителот на автомобили од Хирошима.

Напротив, јапонскиот весник Spyder7 носи нов абер, според кој долго најавуваниот модел ќе дебитира некаде во првата половина на наредната 2022 година.

Како што и се очекуваше, извештајот на овој медиум не отстапува од гласините кои претходно милозвучно ни „ѕунеа“ во ушите.

Така, повторно, се зборува за 2022 година како клучен за промовирање на новиот концепт на погон на седан, како во однос на оската до која ќе се испорачува моќта, така и во однос на погонот што ќе ја произведе таа моќ, што Mazda делумно го покажа преку тизер, и тоа на крајот на минатата година.

Како и да е, кога ќе ја поздравиме оваа новина, ќе ја видиме Mazda6 со сосема нов стил.

Новинарите на споменатата редакција наведуваат дека јапонскиот седан ќе биде инспириран од концептот Vision Coupe прикажан во 2017 година, кој имаше еден пар врати и нереално долга хауба, како резултат на што целото тело изгледаше максимално елегантно.

Изворот наведува и дека решетката на радијаторот ќе донесе нов дизајн, кој потоа ќе се користи како матрица за идните модели на Mazda.

За разлика од концептот, производната – сериска верзија на Mazda6, се разбира, ќе може да превезува пет лица.

Достапниот асортиман на погонски агрегати за новата Mazda6 ќе вклучува и верзија со работен волумен од 3,0-литри, со шест цилиндри во линија, кој ќе биде вграден во форма на таканаречен лесен хибрид (48V), иако во основа воопшто не е хибрид.

Како и да е, поточно, кога и да е, очекуваме триумфално враќање на пазарот на новата генерација популарниот седан од оваа островска земја од Далечниот исток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постојан развој: Зголемен опсег за Opel Corsa -e и Mokka-e

Доделени првите енергетски ознаки за електричните автомобили

DS3 Crossback E-Tense ја зголеми автономијата со едно полнење на батериите

Револуционерно автомобилско седиште за деца!

Стратегијата 2.0-IONITY го забрзува ширењето на мрежата брзи полначи за EV

Renault иTheArsenale го претставуваат AIR4 –Таму каде одиме не ни требаат патишта

Новиот Peugeot e-208 и Peugeot e-2008

Електричните автомобили зиме трошат 25% повеќе струја

Ford и GM здружуваат силите со производители на чипови