McLaren 620R – легален тркач за јавен пат, а роден за тркачки патеки!

Лимитираната едиција на само 350 примероци,ќе биде остра конкуренција на Porsche и неговите RS модели…

Британците имаат моќен настап – McLaren 620R денес и официјално е потврден, a како што велат ќе биде модел што ќе нуди вистинско уживање на тркачки автомобил.

Впечатливото издание на coupé верзијата, пристигнува само во 350 примероци, со натпреварувачка спецификација на McLaren 570S GT4.

Во превод, максимално искуство на тркачки автомобил подготвен вистински натпревар на патека, a воедно и за учесник во секојдневниот сообраќај на јавни патишта.

Моделот 620R рачно ќе биде склопуван во Вокинг (Woking) Велика Британија, a во него ќе биде имплементиран турбо мотор со рабитен волумен од 3.8-литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што испорачува  моќ од 620 KS.

За врвната тракција, освен посебно поставеното потпирање се грижат и Pirelli  пневматиците од серијата – Pirelli P Zero Trofeo R.

Тука се и сопирачките од карбонска керамика, диференцијал со централно заклучување и спортски издувен систем од челик што не рѓосува се гаранција за чистокрвен „филинг“ зад управувачкото тркало.

Новиот 620R ќе биде достапен во McLaren портокалова, во силика белаи Onyx црна боја.

Првите испораки на супер автомобилот за јавен сообраќај подготвен за уривање тркачки рекорди ќе почнат во претстојната 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

BMW M4 GT3 е подготвен да се упати на тркачките патеки

KIA Sonet нов SUV од Кореја но не и за европскиот пазар!

Subaru WRX S4 STI Sport #

Новиот Stratos влегува во производство, премиерата во септември

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“