McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Во McLaren, на крајот на минатата година, го покажаа ексклузивниот roadster со име Elva, кој сега го помина дотерувањето во нивниот оддел MSO (McLaren Special Operations)…

Поточно, ова е специјална McLaren Elva Gulf Theme by MSO, што е направена како дел од соработката на McLaren со брендот Gulf Oil (трае од 1960-тите), и тоа првенствено се рефлектира во надворешните бои и ознаките на Gulf.

Го придвижува 4.0-литарски V8 twin – turbo мотор со 815кс и 800Nm вртежен момент, заедно со седум степен менувач со двојна спојка.

Забрзувањето од 0 до 100 км / ч трае помалку од три секунди, а достигнува 200 км на час за 6,7 секунди.

McLaren Elva, меѓу другото, има нов систем за управување со активен воздух Active Air Management System (AAMS), опционално можете да добиете и шофершајбна, потоа активен заден спојлер, сопирачки се изработени од композит од  карбонски влакна и керамика.

Внатре добивате 8,0-инчен екран чувствителен на допир и лесни спортски седишта што исто така се изработени од карбонски влакна,а се со цел да се максимализира редуцирањето на вкупната тежина на возилото и да се обезбедат врвни перворманси и врвно ниво на управливост и забава при возењето.

Според претходнитер најави од Компанијата моделот Elvaќе се изработи во ограничена серија (само 149 примероци).

Цената на секој од нив ќе изнесува 1.425.000 фунти, а на пазарот во САД ќе чини 1.690.000 американски  долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимен мистериозен Bugatti

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!

Bugatti Type 251 Evo концепт

Од Волфсбург со тизер го најавија VW Golf 8R