Познатата британска марка на супер спортски автомобили денеска го претставува својот нов ултимативен модел…
Станува збор за McLaren Elva, и ќе биде прв автомобил на марката наменет за јавните патиштата со отворен кокпит .
Моделот Elva отвора нови можности, a приказната за тоа дека нема ветробранско стакло напред ќе биде тема уште долго време.
Исто како и неговите претходници McLaren P1TM, McLaren Senna и Speedtail, „тиражот“ на новата Elve ќе биде строго лимитирана, на само 399 примероци.
Инаку името Elva ги слави моделите на Bruce McLaren, како што се M1A и McLaren-Elva M1A [Mk I], M1B [Mk II] и M1C [Mk III] од 1960– те години.
Произведени со епитет на „машки“ верзии на иновациски и возбудливи тркачки автомобили на групата 7 McLaren.
Mоделот McLaren-Elva спортските автомобили втемелиле бројни пионерски принципи на дизајнот и на инженерингот што се денес составен дел на денес произведените McLaren автомобили за хомологирани за сите јавни патишта.
Сепак Elva ќе понуди и фиксирано ветробранско стакло, што оваа модерна Barchetta ќе ја направи попривлечна и за тие кои не се hard core вљубеници во ретро тркачките варијанти од средината на минатиот век..
Освен со изгледот фасцинира и погледот кон моторот со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V што испорачува импресивна моќ од 815 KS.
Тоа моќно ергеле му овозможува супериорни перформанси со забрзување од 0 до 100 km/h за помалку од три секунди, додека пак за спринт од 0 до 200 km/h ми требаат само 6,7 секунди.
Тоа се перформанси што ги надминуваат и спецификациите на суепр автомобилот McLaren Senna…