McLaren F1- денес вреди 16 милиони фунти

Повеќето автомобили од 1990-тите вреди многу повеќе денес отколку кога биле нови, а во некои случаи таа вредност астрономски се зголемила…

McLaren F1 е еден од најценетите автомобили во историјата, а во 1992 година беше сосема нов и чинел 540.000 британски фунти.

Според Банката на Англија, таа вредност пренесено во денешно време изнесува 1,1 милиони фунти.

До 2006 година, вредноста на примерок на McLaren F1 не се менувала, но тоа се смени на крајот на 2008 година кога се зголемила за трипати на 1,5 милиони фунти.

McLaren F1 вредел 5 милиони фунти во 2014 година, а славниот актер Рои Аткинсон (Rowan Atkinson) го продаде својот автомобил за 8 милиони фунти година подоцна иако имаше две сообраќајни несреќи со истиот.

Потоа, во 2017 година, еден McLaren F1 бил продаден на аукција за нешто помалку од 12 милиони фунти а, наводно, го купил возачот на Формула 1, Луис Хамилтон (Lewis Hamilton).

Вредноста на супер автомобилот продолжи да расте, а осигурителната компанија Hagerty проценува дека денес McLaren F1 вреди 16 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Sonata N Line

Ваков скок може да изведе само Kia

Новиот Tesla Roadster ќе настапи на Нирбургринг 2021

Наједноставно и најевтино амфибија возило

Radical SR10 за тркачи и вистински ентузијасти во големите брзини

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

„Сензационален трансфер“- Rimac станува сопственик на Bugatti