McLaren го произведен 20.000-от автомобил во Вокинг

Една куса но значајна вест за супер спортскиот бренд McLaren која гласи дека вчера во фабриката во Вокинг е произведен јубилејниот 20.000–ти автомобил…

Фабриката во Вокинг ( Woking) сега произведува повеќе од 20 автомобили дневно, a честа да ја понесе цифрата 20.000 му припадна на моделот 600LT Spider во Chicane Grey боја.

Моделот 600LT Spider е задвижуван од бензински  twin-turbo мотор, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со работен волумен од 3,8-литри и со моќност од 441 kW/600KS и 620 Nm максоимален вртежен момент.

Агрегатот доаѓа во комбинација со седум степен менувач на брзини со двојна спојка .

Тааа комбинација е доволна за супериорни перформанси: забрзување од 0 до 100 100 km/h за само 2,9 секунди и постигнување на максимална брзина од 324 km/h.

Инаку, додека се уште, на некои пазари, можете и да го купите моделот 600LT Spider пример во Германија каде чини 250.000 евра, од McLaren , во оваа пригода, соопштија дека моделот 600LT Coupe е целосно распродаден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW добива нов шеф доаѓа од директорската „фотељата” во Porsche!

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha