McLaren најави: Hihg- Performance Hybrid 

McLaren го најави, со првите фотографии релативно ранo, својот High-Performance Hybrid, кој е на нова платформа…

McLare ќе го лансира својот нов модел што не успеа да ја избегне сеприсутната хибридизација во првата половина на 2021 година.

Засега, британската компанија, која се бори на секој начин со финансиската криза во која западна благодарение на пандемијата COVID-19, својoт новитет го нарекува High-Performance Hybrid.

Познато е дека оваа марка има регистрирано и заштитено име Sabre, но не е сигурно дека ќе му биде доделена на овој модел.

Сè уште не е објавено многу, но супер автомобилот High-Performance Hybrid (HPH) ќе биде сместен помеѓу GT и 720S.

Во средината на возилото е V6 мотор со внатрешно согорување, но исто така ќе има електричен мотор и батерија што ќе овозможи одредена автономија на возење само на електрична енергија.

Она што е сигурно е дека тој ќе биде поставен на новата McLaren Carbon Lightweight Architecture (MCLA платформа за која е веќе развиена и која ќе ја замени старата на скоро 10-годишна возраст претставена во моделот MP4-12C.

Најголемата новина е што MCLA е дизајниран уште од самиот почеток за хибриден погон и складирање на батерии. „Кадата“ изработена од јаглеродни композити ќе се произведува во одделот на компанијата за композити во Шефилд и потоа ќе се транспортира до Вокинг, оддалечен 280 километри, за да се состави возилото.

Претходно, McLaren објави дека ќе ги електрифицира сите свои модели до 2025 година и работи напорно на помоќен модел.

Засега, „мазгата“, како што се нарекува моделот под чија каросерија се крие новитетот, е 720S и се претпоставува дека основата на неговиот погон ќе биде малку ослабената хибридна погонска единица V8, која е во моделот Speedtail и има 1.035 КС.

Интересни детали откри Стив Вајт (Steve White), раководител на тестирање, кој вели дека досега тестовите биле правени во тајност или под маската на други модели, но дека во возната флота има дури 45 прототипови, од кои 11 се „мазги“.

Во последната фаза на добро скриена патека во Англија, 5-10 луѓе вршат дневни тестови на модел кој сега е вистински, но скриен под фолија.

За време на програмата за развој и тестирање, прототипиовте ќе поминат стотици илјади километри.

Вајт вели дека постојат три прототипови за тестирање на издржливост во Шпанија и еден од нив веќе поминал над 80.000 км.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!

McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Bugatti Type 251 Evo концепт

Од Волфсбург со тизер го најавија VW Golf 8R