McLaren од 2035 ќе нуди само електрични модели

Од сите спортски брендови, McLaren беше убедливо најпретпазлив во однос на најавите за електрификација, но сега работата е јасна, иднината за британскиот бренд лежи во ЕV технологијата ….

За само неколку месеци, McLaren треба да го претстави својот хибриден модел, што треба да биде вовед во понатамошниот развој на оваа технологија кај споменатиот производител.

Според претходните информации, ова ќе биде класичен хибрид, а не варијанта на приклучок (plug-in), бидејќи McLaren не беше задоволен од поголемата маса што ја донесе таквата поставеност за време на развојот, и реши да се сврти кон првата опција.

Британскиот бренд треба да го претстави овој модел на почетокот на следната година.

Но, тоа е само почеток на електрификација во McLaren. Раководството на производителот од Вокинг е свесно за зголемениот притисок на емисиите на штетни гасови на флотата на омпанијата, како и за фактот дека оваа граница ќе биде помала во наредниот период.

McLaren работи на развој на синтетички горива, но тие исто така се посветени на електрификација.

Мајк Флуит извршниот директор на McLaren, во неодамнешното интервју со новинарите истакна дека марката ќе продолжи да работи на развој на бензински мотори. „Ќе развиваме бензински единици уште 10 години и сигурно ќе ги продаваме уште 15…

После тоа, се надеваме дека регулативите во повеќето делови на светот ќе бидат усогласени“, рекол Флуит.

Светските медиуми јавуваат дека најавите на Флуит се всушност потврда дека McLaren  ќе се префрли исклучиво на електрични автомобили во 2035 година. Од друга страна, островските портали пишуваат дека овој производител работи напорно на развој на специјална платформа врз која ќе се засноваат EV моделите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перформанс електричниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Peugeot 508 PSE официјално претставен

Новите модели на Volvo со специјални системи за пречистување на воздух

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење