McLaren P1 Spider Lanzante

McLaren го прекина производството на моделот P1 во декември 2015 година, но британскиот Lanzante сега го подготви P1 Spider и мора да се признае изгледа фантастично….

P1 Spider во основа е конверзија базирана на постоечкиот автомобил, а како што е најавено, само пет единици ќе бидат трансформирани, заедно со ново развиените доводи за воздух.

Ова беше неопходно бидејќи оригиналниот хипер автомобил имаше отвор за воздух на покривот, што очигледно веќе не е случај наведуваат нашите колеги од специјализираниот портал – Motor1.

Стаклените покривни панели исто така исчезнаа, но Lanzante дизајнираше отстранлива покривна покривка.

Предните крила, вратите и хаубата се дискретно модифицирани за да ги задржат течните линии на оригиналот колку што е можно повеќе.

Долниот дел од шасијата е изменет за да се зачува структурната цврстина на стандардниот автомобил.

Lanzante, исто така, ја измени внатрешноста, со нови акценти на кожа и јаглеродни влакна.

 

Постои и нешто што се нарекува SuperFabric, кое е поотпорно на временските услови и УВ зрачењето сега кога кабината е изложена.

McLaren P1 Spider ја задржува хибридната поставка на оригиналниот автомобил: 903 КС и максималниот вртежен момент од 900 Nm.

Податоците за перформансите не беа откриени, но стандардното Coupe забрзуваше од 0 до 100 km/h за 2,8 секунди, од 0 до 200 km/h, додека за само за 6,8 секунди ја достигнувал максимална брзина од 350 km/h.

Lanzante најавува дека ќе го испорача првиот P1 Spider пред крајот на тековната 2022 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda  Enyaq iV кампер

ELegend EL1 и EL2 ќе бидат инспирирани од легендарни спортски автомобили

Tркачки Maserati MC20 GT2

Како е создаден светски препознатливиот архитектонски симбол на Минхен?

Конфискуван Ferrari 458 Italia во чешката полициска флота

Lamborghini Huracan Sterrato

Hopium Machina Vision

Toyota GR86 10th Anniversary Limited

Citroen C3 Aircross Rip Curl