McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Британскиот производител на автомобили McLaren подготви пет специјални McLaren Senna GTR LM модели во чест на доминацијата на најпознатата трка – Ле Ман во 1995….

Петте специјални Senna GTR LM се креирани од страна на McLaren во чест на петте F1 GTR автомобили кои доминираа на 24 часа Ле Ман во 1995 година. Сите примероци се направени од страна на McLaren Special Operations и секој од нив доаѓа со уникатна шема на бои.

Автомобилите се дизајнирани така што го претставува изгледот на F1 GTR автомобилите кои завршија на првото, третото, четвртото, петтото и тринаесеттото место за време на славната трка на издржливост.

На McLaren Special Operations им требаа најмалку по 800 часа за да го обојат  секој од петте Senna GTR LM модели.

McLaren исто така мораше да побара специјална дозвола од компании како Gulf и Harrods, како и организаторот на Ле Ман, Automobile Club de l’Ouest (ACO), за да креира разни логотип и заштитни марки.

Прв е McLaren Senna GTR LM 825/1, креиран како „омаж“ на McLaren F1/01R кој триумфираше на Ле Ман во 1995. MSО имаше можност перфектно да ја реплицира јаглен сивата боја на тркачкиот автомобил.

Следува Senna GTR LM 825/6, реплика на автомобилот кој за малку ќе победеше, но се соочи со проблеми со менувачот и на крајот заврши како третопласиран. Се одликува со светло жолта „униформа“ со зелена линија.

Трет е McLaren Senna GTR LM 825/2, креиран со цел да се оддаде почит на McLaren F1/02R што стаса како четврти на легендарната трка. Автомобилот исто така се одликува со OZ Racing тркала, а потписот на Аиртон Сена е реплициран на задниот дел од автомобилот.

Наредниот примерок е Senna GTR LM 825/7 во чест на McLaren F1/07R, во кралска сина боја.

И на крајот, како дел од оваа екстравагантна едиција тука е и  Senna GTR LM 825/5 во чест на F1/05R кој заврши како 13-ти на таа трка, а за овој автомобил е потрошено најмногу време за фарбање, поради деталите и цртежите на самиот автомобил.

Петте специјални автомобили ќе им бидат испорачани на купувачи во САД, Европа и Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија

Најава за мистериозен Bugatti

Audi TT RS во чест на 40 гдини на Quattro погонот во само 40 примероци

Благороднички луксуз на песокот во Сахара

SSC Tuatara го урна рекордот на Bugatti

Aventure Peugeot – реставрација на иконата 205 GTi

Nissan Juke родоначалник на нов сегмент слави 10-ти роденден