McLaren Senna GTR во септември и само во 75 примероци

Во текот на минатата 2018 година McLaren го претстави прототипот на тркачкиот модел Senna GTR, a сега пред нас, конечно, е дефинитивниот сериски модел

Производството на серискиот модел би требало да стартува во септември годинава, но со најава дека ќе бидат произведени само 75 примероци.

Без оглед на цената од 1.1 милиони британски фунти (без давачките) сите веќе однапред се распродадени.

Во однос на моторизацијата Senna GTR ќе има biturbo мотор со работен волумен од 4,0-литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со моќност од 825KS и 800 Nm вртежен момент.

Тоа е доволно тркачкиот автомобил да забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од 2,8 секунди.

 

Исто така, автомобилот е и полесен (сега неговата маса изнесува 1188 kg без течностите), при тоа треба да се потенцира дека каросеријата е изработена од карбонски влакна.

Треба да се истакне и новиот aero body kit (поголем преден спојлер, пошироки калници, поголем заден дифузор…), down force од1.000 kg, поширока трага на тркалата, нов дизајн на тркалата, Pirelli „слик“ пневматици, менувач што специјално е оптимизиран за трки, kкако и напреден систем за контрола на пролзинувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот  Ford Focus ST Wagon жежок семеен автомобил

Porsche Cayenne S Coupe со V6 и 440 КЅ!

Претставен новиот McLaren Gt нов диктатор во лигата!

Opel Grandland X отсега ќе вози и на струја со 300 КЅ!

Citroen со ултра удобен футуристички концепт -Citroen 19_19 concept

Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Dacia на струја пристигнува 2021 година

VW I.D. доби име I.D.3 на финално филигранско дотерување пред лансирање!

Ford Mustang Shelby GT-S co 700+ KS