McLaren Solus GT

McLaren подготви нов ексклузивен тркачки автомобил, едносед наречен Solus GT…

Solus GT е изведен од виртуелен концепт од видео играта и е придвижуван од атмосферски V10 мотор со повеќе од 830 КС. Автомобилот е создаден имајќи ги предвид рекордите за брзина, потисна сила и круг, со впечатлив дизајн во кокпитот од јаглеродни влакна, како и огромен заден спојлер.

Изграден околу уникатна монокок шасија, автомобилот тежи помалку од 1000 килограми, но произведува максимални 1200 килограми потисна сила. Оваа машина за патека првично беше создадена како концепт за видео играта Gran Turismo Sport во 2017 година, а сега е претставена во производна форма на Неделата на автомобили во Монтереј, Калифорнија.

Solus GT е придвижуван од 5,2-литарски V10 мотор кој врти до 10.000 вртежи во минута и развива повеќе од 830 КС, поврзан со седум (7) степен секвенцијален менувач. Забрзувањето до 100 km/h трае 2,5 секунди, додека максималната брзина надминува 200 mph (322 km/h).

Возачот седи во централно поставена, затворена кабина, до која се пристапува со лизгачки покрив. Внатре е фиксно седиште, создадено и обликувано за да одговара на индивидуалниот сопственик.

Присутен е и волан од карбонски влакна инспириран од Formula 1, како и дигитален дисплеј. Сопствениците на екстремната машина, од кои сите 25 веќе се продадени за повеќе од 3 милиони фунти, добиваат и патна торба со автомобил.

„Solus GT е реализација на радикално концепт возило на McLaren, првично создадено за светот на виртуелните трки“, рече Мајкл Лејтерс (Michael Leiters), новиот извршен директор на McLaren Automotive. „Дизајниран без ограничувања на патните или тркачките регулативи, но со целосен опсег на експертиза на McLaren за да го оживее, тој го олицетворува нашиот пионерски дух.

Овие инженерски слободи силно влијаеја на дизајнот, кој вклучува голем број аеродинамички карактеристики, вклучувајќи широк преден сплитер, структурен под, како и фиксно задно крило со двојни елементи и со голема сила на надолна линија (потисна).

За време на создавањето на Solus GT беа користени нови техники, како што се 3D печатени компоненти од титаниум направени за кокпитот, прв пат за сериски автомобил на McLaren.

Сепак, компанијата вели дека и покрај оваа инженерска слобода, дизајнот на концептот за виртуелна реалност наметнал ограничувања на она што може да се направи, додека се осигурува дека реалната верзија ќе го задржи својот „Вау“ фактор.

Првите испораки на овој автомобил треба да започнат следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебитира BMW XM

Обновен DS 3

Претставен Chery Arrizo 8

Новиот Range Rover Sport – Претставен во Македонија

Acura ARX-06

Chevrolet Silverado ZR2 Bison

Buick Envista

Koenigsegg CC850

Ford Territory