Медиумите во Шпанија пишуваат -Познат сопственикот на уникатниот Bugatti

Според медиумите од Пиринејскиот полуостров среќниот сопственик на единствениот произведен Bugatti La Voiture Noire е фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо…

Потсетуваме, хипер автомобилот е претставен на Саемот во Женева, и е единствен примерок на Bugatti La Voiture Noire, што патем ја има и титулата на  најскапиот нов автомобил во светот, со цена од речиси 19 милиони долари.

И тогаш беше објавено дека е продаден но дека името на купувачот е тајна, а во јавноста протекоа шпекулации дека е тоа екс претседател на групацијата VW, Фердинанд Пиех, но шпанските медиуми објавија дека наводно среќниот сопственик на овој хипер автомобил е фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо.

Без разлика на тоа кој е сопственикот на новиот Bugatti, тој ќе мора да почека до 2021 година за компанијата целосно да ја заврши неговата изградба.

 

„Тоа не е конечната верзија на моделот. Ние започнавме да работиме на проектот пред половина година, кога клиентот се согласи со нашиот предлог-проект. Автомобилот ќе биде испорачан само за две до две и пол години,“ изјави Тим Браво, шеф на одделот за комуникации на Bugatti, кој  додаде дека во Женева, хипер автомобилот уште немал внатрешен дизајн.

Моќниот La Voiture Noire е модерна верзија на Type 57 SC Atlantic, задвижуван е од 8,0 литарски со четири-турбин W16 мотор, со 1,479 КС и момент на вртење од 1,600 Nm.

Ако Роналдо навистина е сопственикот на ова возило, тогаш уникатниот Bugatti одлично ќе се вклопи со остатокот од неговата ултра-скапа колекција на автомобили, каде се вбројуваат Veyron Grand Sport, Chiron и многу други егзотични модели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руси и се е можно – Од Bentley направил тенк!?

Обновен Citroën Scarabee d’Or првото возило што ја минало Сахара!

BMW i3 -хит за полицајци пожарникари и итна служба…

Баварците ја одбележуваат 35 годишнината на Series 5 со лимитирано издание

Renault Zoe такси што самостојно вози!

Книгата за брендот Bentley поскапа од автомобил на оваа марка!

Посебна серија Smart ForTwo FCE #21- за збогување со бензинците

Porsche Driving Expеrience-нова авантура и промоција на новиот 911 во Македонија

Новиот Alfa Romeo 8 C – Hybrid co 800 KS