Mercedes A Class на струја доаѓа за пет години

Производителот од Штутгарт продолжува со електрификација, а целта е да се создадат автомобили со батерии за повеќето конвенционални модели кои постојат во портфолиото на брендот со „трикрака ѕвезда“ во логото …

Првите индикации за електричната иднина на сегментот C кај Mercedes  ги видовме уште во 2017 година на Саемот за автомобили во Франкфурт, кога беа прикажани низа скици и тизери за моделот EQA.

Но, после тоа, EQA помина кус пат од hatchback во SUV модел, така што во суштина стана електричен пандан на GLA.

Инаку, EQA треба да се појави на пазарот на почетокот на следната година.

Сега го имаме официјалното соопштение дека електричното издание на А Class треба да се најде на пазарот во 2025 година.

На актуелната генерација А Class и претстојат уште неколку години живот, а во претходниот период тоа беше избор на бројни автомобилски  деривати на под значката на Mercedes.

Покрај тоа, првиот човек на германската марка, Ола Келениус, неодамна изјави дека верува дека отишле предалеку со бројот на компактни автомобили во гамата.

Но, ова не значи дека иднината на А-Class на кој било начин е загрозена, туку само дека многу модели кои се потпираат на неа може да исчезнат, како што се CLA, GLA, B-Class…

Mercedes потврди дека новата генерација А Class ќе има две верзии: класичната верзија, но и електричното издание.

Претстојната А-Class ќе биде премиерно претставена на новата платформа Multienergy на германскиот бренд. Таа архитектура ќе овозможи голема доза на модуларност и ќе може да се користи за конвенционални модели, како и Plug- in хибриди.

Покрај тоа, електричната А-Class ќе ја користи архитектурата MMA, која ќе се користи како основа за автомобилите со батерии на Mercedes.

Очигледно, германската марка не сфати дека не смее да го остави електричниот C сегмент на конкуренцијата.

Но, како што сега стојат работите, можеби е предоцна за влез во оваа класа да се чека до 2025 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hummer се врати како моќен и целосно електричен pick-up!

VW ID.3 со пер ѕвездички на Euro NCAP

Fiat 500 Elletrica и во Abarth изведба

Во зима електричниот Tesla поминува помалку километри одошто во лето!

Се за првиот потполно електричен автомобил на Dacia

Audi RS e-tron GT со 700 КС на струја!

Renault Megane eVision concept

Hyundai има за цел да стане лидер во електромобилноста во Европа

Нова Toyota Mirai пристигнува во декември