Mercedes ја надополни палетата на модели од новата генерација на GLC со спортски AMG верзии, наречени Mercedes-AMG GLC43 и Mercedes-AMG GLC63 S E Performance.
Mercedes-AMG GLC 43 има 2.0-литарски турбо мотор и интегриран стартер генератор за 421 КС и 500 Nm, со дополнителни 13 КС достапни преку генераторот за стартување при помали брзини.
Тој благ хибриден погон е поврзан со деветстепен менувач и 4Matic погон на сите тркала. GLC 43 добива и управување на задната оска и стандардно воздушно потпирање. Забрзувањето до 100 km/h трае 4,8 секунди, а најголемата брзина е ел. ограничена на 250 km/h.
Следен е GLC63 S E Performance, кој комбинира 2.0-литарски четирицилиндричен турбо мотор со електричен мотор поставен назад и вкупно 680 КС и 1020 Nm. Достигнува 100 km/h за само 3,5 секунди и може да достигне до ел. ограничени 275 km/h.
Како и GLC43, 63 го користи истиот менувач со девет брзини и има стандарден погон на сите тркала 4Matic. Но, системот 4Matic+ овде е целосно променлив, што значи дека може да испрати до 100 проценти од достапната моќност на задните тркала.
Визуелните промени помеѓу овие два AMG модели и нивните стандардни верзии вклучуваат предна решетка со вертикални летви, поголеми доводи за воздух и повеќе хромирани детали. GLC 43 има заоблени двојни издувни цевки, додека GLC 63 добива трапезоиден изглед.
Внатрешноста е истакната со MB-tex и микрофибер или опцијата Nappa кожа со AMG лого на предните потпирачи за глава. Клиентите кои бараат нешто уште поспортско може да изберат Performance седишта.
Истиот систем MBUX кој се наоѓа на основниот GLC го има и кај моделите AMG, но сега со карактеристики специфични за AMG. Инструмент таблата, централниот дисплеј и опционалниот head-up дисплеј имаат специјална AMG графика, со AMG Track Pace вградена во инфозабавниот систем за снимање податоци доколку одлучите да однесете некој од овие теренци на патеката.