Дали знаевте дека етикетата на Mercedes-AMG се користи и за врвни детски колички кои се произведуваат во соработка со фирмата Hartan?
Инспирирани од популарноста на специјалната серија во светот на автомобилите, Hartan и AMG ја претставија специјалната верзија на количката AMG GT која ќе се продава во само 299 примероци ширум светот.
Од Hartan велат дека количката е развиена во тесна соработка со одделот за дизајн на Mercedes-Benz.
Слично на вистинскиот AMG GT, количката со исто име доаѓа со комплет AMG алуминиумски фелни на тркалцата со вкрстени краци и тапацир Dynamica за седишта.
Логото AMG може да се најде на двете страни на алуминиумската рамка, а во форма на рефлектирачка нишка на преклопниот џеб.
Уште повеќе, специјалното издание доаѓа со оригиналниот амблем AMG – истиот што се користи на возилата – за вашето бебе да може да ги „вежба“ своите права за фалење уште од најрана возраст.
Сигурни сме и дека црната кожа за парапет со црвен бод ќе ги подигне некому веѓите.
Како и сите модели на Hartan, AMG GT доаѓа со вртливи тркала што се заклучуваат, мека суспензија, рачна сопирачка, преклопен покрив, прилагодливо седиште и џебови за складирање на вашите лични работи како телефон, клучеви, паричник, шише со вода и што и да е друго…..
Доколку сте заинтересирани за колички AMG GT, ќе можете да ги најдете во избраните продавници за бебиња од јули тековната 2022 година.
Немаме никакви информации за цените, но со оглед на ограничената достапност на специјалното издание, претпоставуваме дека ќе бидат поскапи од стандардните колички.
Само за да добиете идеја за тоа што гледате, помалку ексклузивната количка „AMG GT“ од Hartan – верзијата „562 Graphit“, чини 1.100 евра на пазарот во Германија.