Mercedes-Benz EQC 4×4², се урнек на екстремната G-Class

Предозирање или нешто друго во светот на автомобилската индустрија? Погледни ја само оваа креација од Штитгарт….

Германците секогаш сакаат малку зачин, барем кога станува збор за автомобилите.

Овој пат Mercedes-Benz го земал на дополнителен третман моделот EQC, електричен SUV кој не е нешто премногу баран во Европа.

Нивниот „дебитант“, очигледно не го погоди вкусот на купувачите, но има уште време.

Но, со цел Mercedes-Benz повторно да го сврти вниманието кон овој модел, тие одлучија да го претстават концептот EQC 4 × 4², што остава навистина импресивен впечаток со неговата изведба.

Електричари во калта, ова веќе има смисла!

Како што знаеме, досега G-Class имаше ознаки 4 × 4², за истата да се повтори и во оваа приказна, исто како и кај E-Class All-Terrain.

Што е навистина толку посебно за EQC 4 × 4²?

F

Силата на електромоторот остана иста, односно 408 КС и 765 Нм. Променитезафатија некои други работи

Многу е работено на потпирањето, па EQC сега доби дополнителни 153 mm растојание од земја, за вкупно 293 mm.

Влезниот агол е 31,8, додека излезот е 33 степени.

Монструозниот EQC 4 × 4² порасна.

Проширената пластична заштита на калниците над тркалата придонесува за раст во ширпчина.

Додека пак инженерите вложија труд да го наградат моделот со два нови режима на возење: Offroad i Offroad+..

Засега, сè останува на овој примерок, но тука ќе дадеме само едно потсетување дека G-Class беше најавена и во електрична верзија. Сешто може тука да се случи…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition

Од инсајдерски кругови протече цената на Dacia Spring Electric

Уловен новиот Porsche 911 GT3 RS