Mercedes-Benz GLB – Нов авантуриста на сребрената ѕвезда!

Мал, но и голем, ќе биде понуден и во изведба на каросерија со три и со пет врати, a на пазарот би требало да пристигне кон крајот на есента тековната 2019 година …

Силни пропорции со кратки надвиснувања напред и назад и off-road  ориентиран дизајн, a кога на тоа ќе се надоврзе и опцијата со погон на сите четири тркала – 4MATIC и посебно off-road светло што помага во откривање на пречките пред возилото при мали брзини – новиот  Mercedes-Benz GLB e навистина сестран SUV.

Две седишта во третиот ред може да ги користат и лица со висина до 1,6метри.

Со посилниот и поефикасен агрегат со четири цилиндри, на кои се надоврзуваат актуелните системи на помош при возењето со кооперативната поддршка за возачот, интуитивно ориентиран систем за информирање и за забава MBUX..

Безбедносните системи во поголема мера се позајмени од S-Класата, каде вградени се подобрените камери и радарски системи, кои му овозможуваат на GLB прегледност од речиси 500 метри напред, поради кои тој во одредени ситуации може автономно да управува.

Тука се и системите за асистенција како Active Distance Assist, Active Steering Assist, Active Lange Change Assist и Active Parking Assist…

Сето тоа е довоно новиот член на семејството  (долг/ широк / висок: 4634/1834/16581 mm)  ги има сите предиспозиции да ги освои срцата на бројните купувачи.

Со вкупно 2829 mm GLB има за 10 cm подолго растојание помеѓу оските од на пример новата  B – Class.

Капацитетот на багажниот простор изнесува во основа 560, до вкупно 1755 l. со соборени седишта, повеќе одошто и се надевавме!

Новиот GLB се произведува во фабриката Акваскалиентес (Aguascalientes) во Мексико, a за пазарот во Кина во погоните во Пекинг.

Кон крајот на тековната 2019 година GLB најнапред ќе стаса во продажните салони во Германија.

На почетокот ќе се нуди во две бензински моторни изведби: GLB 200 (163 KS) и GLB 250 (224 KS).

Понудата со дизел агрегати ќе биде застапена со исто така два мотора – GLB 200d (150 KS, и со доплата е можен 4Matic) и GLB 220d (190 KS) стандардно со 4Matic погон.

Силата преку осум -степен пренос со двојна спојка, се пренесува на тркалата.

Со новиот GLB семејството на Mercedes-Benz компактни автомобили сега е сочинето од седум модели: A-Class, B-Class CLA Coupé, CLA Shooting Brake и GLA моделот

Во текот на минатата 2018 година повеќе од 609.000 корисници купиле компактни модели.

Откако е лансирана A-Class, во 1997 година, Mercedes-Benz низ пазарите ширум светот продал повеќе од 6,5 милиони примероци на возила од овој сегмент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Серискиот Alfa Romeo Tonale на пазарот во 2020 или 2021

Конечно пристигнува новиот Nissan Juke на нови фотки!

Светски премиери на Opel IAA 2019, Нова Astra, Corsa и Grandland X plug-in хибрид

Škoda Superb RS (2020), дизелски 240 KS, предизвикувач на спортската елита!

Rezvani Tank – Најсилниот SUV на светот

Специјално изданија на Lexus LC 500

Fiat Cronos HGT за жал не и за Европа!

Нова Kia Mohave

Третата генерација на Opel Insignia (2022) ќе биде изведена од Peugeot 508