Mercedes-Benz дополнителна опрема ќе вградува и со апликација, далечински!

Mercedes-Benz нуди новина во дигиталната технологија и купувачите на моделите од овој бренд ќе можат да додадат дополнителна опрема на автомобили што претходно ги купиле, а тоа ќе може да се направи далечински без да се отиде во работилница

Првично новата технологија е достапна само за моделите на Mercedes-Benz, опремени со најновата верзија на информациско-забавниот комплекс MBUX, што е имплементиран во новите A-Class, B-Class и GLU.

 

Сопственикот на автомобилот ќе може да си купи дигитално радио, навигација или можност за интегрирање со паметен телефон.

Тоа исто така ќе може да го направи без да се контактира со дилерот, а се што треба да направите е да ја активирате апликацијата за услуга на Mercedes Мe, која ви овозможува да го додадете новиот софтвер.

Од Mercedes –Benz тврдат дека новата функција ќе овозможи да ја задржат вредноста на моделот за подолг период.

Така, во 2020 година, дигиталното радио ќе стане задолжително за автомобили во ЕУ, па сопствениците на Mercedes автомобили од 2019 година ќе можат да го инсталираат во своите автомобили со само неколку команди.

Потсетуваме таква можност нуди и Ford со далечинско ажурирање во неговиот SYNC 3 мултимедијален систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Идниот месец во Женева Subaru  со први електрифицирани модели за Европа

Ford подготвува Hybrid Mustang со погон на сите четири тркала!?

Hyundai со иновација- повеќфункционално перниче од иднината!

Toyota и Panasonic ги здружија силите за производство на батерии за EV

Bose со решение за анулирање на бучава во автомобилите

ClearMotion суспензија готова за сериско производство и револуција на патеките

Byton M-Byte електричен SUV со дигитална табла

Tesla започна со изградба на фабрика во Шангај

Nissan разви мотор од три цилиндри со 400 КЅ и 380 Nm!