Во иднина, Mercedes-Benz ќе се концентрира на луксузните сегменти во програмата и од 2023 година ќе нуди само автомобили со автоматски менувач на брзините…
Во 2023 година, Mercedes-Benz постепено ќе ги исфрли возилата со рачен менувач, а помалите модели ќе бидат опремени со автоматски менувач со двојна спојка 8G-DCT, додека пак повеќе луксузните ќе бидат опремени со 9G-Tronic.
Преминот кон автоматски менувачи ќе се случи со воведување на нови генерации возила.
„Со зголемената електрификација, гледаме дека побарувачката на клиентите се префрла кон компоненти за електрична мобилност, батерии и (делумно) електрични погонски системи“, велат од компанијата со седиште во Штутгарт.
Според тоа, Mercedes-Benz „постепено повеќе нема да нуди рачни менувачи“. Покрај A-Class, B-Class и CLA, во сегашното портфолио, се достапни три модели со рачен менувач.
Mercedes-Benz има за цел да стане највредната марка за луксузни автомобили на долг рок. За таа цел, компанијата со седиште во Штутгарт ја подели својата гама на модели во три области: врвен луксуз (Top-End Luxury), Основен луксуз (Core Luxury) и влезен луксуз (Entry Luxury).
Првата категорија ги вклучува сите модели на Maybach и AMG, S-Class, G-Class и GLS како и најлуксузните EQ модели вклучувајќи ги EQS и EQS SUV.
Втората ги сумира сите варијанти на високата и средната класа.
Под влезен луксуз, Mercedes-Benz ги разбира компактните модели, кои во иднина ќе бидат намалени на помала разновидност.
Тука треба да се потенцира дека 75 проценти од идните инвестиции се однесуваат на првите два сегменти, што треба да му донесе на Mercedes-Benz зголемување на продажбата до 14 проценти до средината на деценијата. Покрај тоа, во иднина ќе има уште поголема палета на модели AMG и Maybach. Mercedes Vision AMG, кој се базира на архитектура за целосно електрични модели AMG, треба да даде прв увид во ова.
Системот Drive Pilot е достапен како опција за Mercedes-Benz S-Class и Mercedes EQS од 17 мај 2022 година.
Mercedes Driving Assistant овозможува автономно возење на ниво 3. Тоа значи дека можете да ги тргнете рацете од воланот и вниманието на возачот не мора постојано да биде на пат.
Помошникот за возење може да се активира при брзини до 60 km/h на соодветни делови од автопатот, се додека растојанието до возилото напред не е преголемо.
Ако условите на патот и сообраќајот не дозволуваат возење со Drive Pilot, возачите имаат десет секунди повторно да го преземат воланот.
Цената на Drive Pilot е 5.000 евра (без ДДВ, од мај 2022 година).
Во EQS за пакет – помош на возачот предуслов е плус од 2430 евра. Меѓутоа, поради потребните сензори и различни хардверски компоненти, Drive Pilot не може да се инсталира подоцна, што значи мора да биде во нарачката со додатната цена.
На крајот како мало потсетување ќе наведеме дека во декември минатата 2021 година, Mercedes-Benz беше првиот производител кој доби одобрение од сообраќајните и регулаторните власти за автономно возење на трето ниво. Колку да се знае!