Mercedes-Benz слави 120 години на постоење

Дали сте знаеле дека тоа е единствената автомобилска марка, што егзистира на пазарот, а што има женско име ?

Поминале 120 години откако името на едно 11 годишно девојче е избрано за име на првата мара на луксузи автомобили и Mercedes тоа денес го прославува.

Поточно на втори април 1900 година Daimler-Motoren-Gesellschaft одлучил да ги нарече своите автомобили Mercedes по ќерката на Емил Јелинек, бизнисмен од Австрија кој тргувал со автомобилите на Daimler и ги регистрирал за тркачки натпреварувања.

Инаку Mercedes е шпанско христијанско име што значи милост.

Првиот автомобил на Daimler наречен со името на ќерката на Јелинек бил моделот Mercedes 35 PS, што се покажал како исклучително популарен во тркачкиот свет во тоа време.

На настанот во градот на светлината Париз во 1902 година, Емил Јелинек на штандот на компанијата поставил голема слика на девојчето – неговата ќерка Mercedes, a во наредната 1903 легално го променил името на својата компанија во Jelinek-Mercedes.

По повеќе од еден век, Mercedes успеал да изгради репутација што сама по себе се кажува.

Овој бренд креирал многубројни легендарни автомобили што му се спротивставуваат на забот на времето и израснал во бренд синоним на успехот, долготрајноста, луксузот и високата ласа.

Од Mercedes-Benz со гордост истакнуваат дека до денес се единствената автомобилска марка што користи женско име.

„Жените каква што е Mercedes Jelinek ја изградиле приказната за успехот на  Mercedes-Benz од самиот почеток“, вели Бетина Фецер, шефот – првата дама на маркетингот во Mercedes-Benz AG.

„Ќе се трудиме да ја продолжиме блескавата традиција на Mercedes и оваа компанија да ја направиме уште подобра во иднина, таа што ова име за секогаш ќе трае”, додала Бетина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!

Ford ги издвојува Bronco и Mustang како посебни марки!

Кои модели на Lada најмногу се исплатливи за првиот сопственик

Mercedes-Benz S-Class (W223) дефинитивно пристигнува есенва!

Lotus Evija во финална фаза !

Škoda тротинет- го собира на местото за резервно тркало

Fiat планира ривал на Nissan Qashqai а се враќа и Fiat Punto

Porsche e „dream car” на повеќето, потврдила анкетата!

Како би можел да изгледа спортскиот модел на Dyson!?…