Mercedes-Benz Vision EQXX една од поважните премиери во 2022

Пред нас е „најефикасниот Mercedes што некогаш направен“. Ова не е првиот тазе конструиран нов масовно произведен електричен Mercedes EQS или EQE, туку целосно нов автомобил, дизајниран на нови основи од самиот почеток на развојот.

Новитетот е еден вид манифест за одделот Mercedes-EQ на германската групација Daimler, кој се занимава со електро – мобилност и како таков дава увид во развојот на моделите на батерии на компанијата. Проектот Vision EQXX беше лансиран пред само година и половина. Главната цел на конструкторите е да дизајнираат електричен автомобил кој ќе може да помине 1.000 километри со само едно додавање на влечна батерија. Ова исто така ја наметна целта за постигнување на потрошувачка на енергија која би била поскромна од 10 kWh на 100 поминати километри.

Покрај тоа, возилото не требаше да биде со мала школка, ниту пак имаше желба да лежи на велосипедски тркала, туку новитетот беше наменет да биде „нормален“ автомобил со четири врати и соодветен простор и капацитети во патничката кабина. Концептот е долг околу пет метри, но растојанието  помеѓу оските од  2.800 милиметри е пократко од сериската верзија на новата C-Class.

Една од главните области што се наметна како предизвик во реализацијата на зацртаните идеи беше во областа на аеродинамиката. Новиот Mercedes-Benz Vision EQXX може да се пофали со многу низок коефициент на отпорност на воздухот, така што Cd е само 0,17 наспроти 0,20, што е параметар за сериската верзија на Mercedes EQS.

Истовремено, важно е да се нагласи дека Vision EQXX нема ниту еден подвижен аеродинамичен елемент, ниту пак е во состојба да ја промени висината на најниската точка на подвозјето од подлогата, прилепувајќи се на патот при големи брзини, инаку карактеристични за возење по автопатишта.

За да се подобри аеродинамиката, нацртана е силуета на возило со долга опашка и импресивен заден настрешница, што ги смирува воздушните струи кои практично се спуштаат од покривот. Дополнително, каросеријата на возилото се стеснува со движење кон задниот дел на возилото и на тој начин имитира форма на капка, за кое знаеме дека е идеално во аеродинамиката.

Така, патеката на задните тркала е 50 милиметри потесна од патеката на предните тркала. Концептот, исто така, се одликува со помала фронтална проекциона површина од компактниот Mercedes CLA седан. Се разбира, ретровизорите, шасијата, тркалата и другите важни елементи на надворешноста се оптимизирани за да ги задоволат потребите за подобар отпор на воздухот.

Второ, типичен начин да се постигне помал коефициент на отпор на воздухот, го отвори патот за намалување на тежината на автомобилот. Сведоци сме и на напорната работа на инженерите на Mercedes на оваа тема, па така каросеријата е претежно изработена од напреден челик со висока цврстина, додека вратите се направени од пластика засилена со јаглеродни влакна (CFRP) како и таканаречени фиберглас (стаклопластика) со алуминиум засилување.

Покрај тоа, уште 42 елементи се направени од композитен материјал наречен UBQ. Го разви израелската компанија UBQ Materials, која во тој процес се потпираше на употреба на материјали што може да се рециклираат, па се покажа дека компонентите направени од овој нов дел се 15 до 20% полесни од традиционално произведените.

Главното ремек-дело во креирањето на каросеријата се однесува на изградбата на масивна подрамка на задниот дел на возилото, која доби посебно име: BIONEQXX. Целосно е излеан од алуминиум и има отворена структура со дупки во неоптоварени зони.

Поддржувачите на системот за предна суспензија се дизајнирани и произведени на ист начин, односно следејќи го истиот принцип. Инаку, во изградбата на самиот потпорен систем се користеше стакло засилено со пластични влакна, како композитен материјал при производство на пружини. Тие се дизајнирани заедно со Rheinmetall Automotive и се значително полесни од традиционалните, произведени од челик. Дисковите на сопирачките се направени од легура на база на алуминиум. Кога сето ова ќе го собереме, тогаш не е чудно што тркалата се со алуминиумски фелни од 20 инчи каде доминира магнезиумот.

Концептот се заснова на ветувачката модуларна платформа MMA (Mercedes-Benz Modular Architecture), која беше развиена од специјалисти од Mercedes-Benz F1 High Performance Powertrain, особено во развојот и изградбата на електрични погонски единици.

Концептот не може да биде изненадување во областите на односот на сила / маса возилото како и на динамика на возење. Има само еден електромотор кој испорачува 204 КС, а е поставен на задната оска.

Но, се наведува дека ефикасноста на претставениот погонски склоп („од батерија до тркала“) е на ниво од 95%. Колку е импресивен овој резултат сведочи фактот што возилата на американската компанија Teslа овде постигнуваат 90-93%.

Тракционата батерија со капацитет од „речиси 100 kWh“ е двојно покомпактна (пред се поради дебелината) и 30% полесна од онаа на стандардниот електричен Mercedes EQS. Дизајнерите не ги открија сите тајни, но, меѓу другото, постигнат е голем енергетски капацитет од 400 W ∙ h/l, благодарение на новите аноди со висока содржина на силкон во нив.

Работниот напон на погонскиот склоп е поставен на 900 волти, во споредба со 400 волти, што го карактеризира серискиот EQS. На овој начин, можно е да се намали пресекот и тежината на електричните жици. Овде ќе потсетиме дека сериските верзии на Porsche и Audi веќе имаат електрични погонски единици кои работат на напон од 800 волти. Дополнително, целата контролна електроника е спакувана во една кутија, таканаречениот OneBox поставен директно над батеријата, со што се елиминира потребата од дополнителни кабли. Вкупната тежина на батеријата со овој модул е ​​495 килограми.

Новата батерија се загрева помалку од оние на актуелната генерација, а благодарение на тоа има и поедноставен систем за управување со топлинските параметри. Топлината се одведува преку дно- преку куќиштето на батеријата, со дополнителен разменувач на топлина, а доколку нивната ефикасност не е доволна, тогаш електрониката ќе ги отвори ролетните во предниот дел на возилото за да обезбеди дополнителен проток на воздух.

Во исто време, кога овие ролетни се во отворена положба, аеродинамичките својства на возилото се влошуваат за само Cd 0,007. Наместо задните стакла и панорамски подвижна покривка, поставен е соларен панел развиен во соработка со Solar Energy Systems ISE и Институтот Фраунхофер. Се состои од 117 ќелии и во идеални услови, што значи многу сончев ден, во истиот тој споменат ден може да ја зголеми својата автономија за 25 километри.

За волја на вистината, ова е пресметан показател, пред се затоа што вака собраната енергија не се користи за работа на електричниот генератор. Се депонира во посебна литиум-железо-фосфатна батерија и се користи како секундарен извор на енергија за уреди како климатизација, предни светлосни групи или мултимедијален систем.

Заштедената енергија по оваа основа, односно електричната енергија што би се трошела од влечната батерија за задоволување на наведените потреби, е доволна за да се поминат споменатите 25 километри.

Концептот нуди некои повеќе ветувачки карактеристики. На пример, има екран со целосна ширина на предниот панел. Ако знаеме дека со стандардниот предводник на EQS, инсталираниот Hyperscreen всушност се состои од три посебни монитори, тогаш тука мора да нагласиме дека станува збор за навистина уникатна единица со дијагонала од 47,5 инчи и резолуција од 8K.

Мултимедијалниот систем ги нуди почетоците на вештачката интелигенција и како таков е развиен во соработка со калифорниската компанија BrainChip. Поставен е и екран за проекција, додека патничката кабина е богата со рециклирани, како и растителни материјали, вклучувајќи бамбус и кактус.

И на ова поле инженерите најдоа начин да заштедат малку од тежината на возилото. Така, на пример, звучниците, како составен дел на музичкиот систем, се приближуваа што е можно поблиску до ушите на патниците, се со цел што повеќе да се намалат нивната моќност и големина.

Како резултат на сето ова, Mercedes-Benz Vision EQXX тежи само 1.750 килограми, што е навистина феноменален резултат за автомобил со батерии. На пример, серискиот liftback од конкурентниот BMW, i4, дури и во основната верзија со поскромна батерија од 81 kWh и погон на задните тркала, мери дури 2,1 тон, додека гореспоменатиот Mercedes EQS како возило две класи над спомнатиот пред малку модел на BMW, теѓи најмалку 2,4 тони.

Конечно, тимот за развој изјави дека новиот Vision EQXX навистина може да помине до илјада километри со едно полнење.  Но, колку навистина е досегот, допрва треба да се провери во реалниот живот, бидејќи досега се правеа само виртуелни тестови.

Сепак, за технологијата што ја опишавме, а која беше имплементирана во развојот на овој прототип, да стигне до сериските верзии на Mercedes, ќе бидат потребни уште најмалку две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept