Mercedes E Class Night Edition

Mercedes подготви нова понуда за купувачите од E-Class Coupe и Cabrio во Европа, поточно пакетот Night Edition со темни елементи за поатрактивен изглед.

Засега оваа понуда е ограничена на E-Class Coupe и Convertible, но веќе е најавено дека пакетот Night Edition наскоро ќе биде достапен за седанот и караванот од E-Class.

Основата е постојниот AMG Line и Night Package, кои доаѓаат тука во комбинација со сите постоечки мотори и бои кои инаку се нудат во E-Class Coupe и Cabrio (освен за вистинските модели AMG).

Night Edition вклучува црна верзија на Diamond предната решетка на маската, црни ретровизори, 0знаки „Night Edition“ на калниците, црни издувни цевки, црни AMG алуминиумски тркала, заден спојлер во сјајна црна боја, преден панел во Artico вештачка кожа, седишта со Artico кожа и Dynamic микрофибер , елементи со изглед на темен алуминиум, етикети Night Edition, подни прекривки Night Edition и прагови со ознаки со натпис Night Edition.

Mercedes E Class Night Edition ќе биде достапен од јули оваа година, а доплатата за пакетот во Германија започнува од 5.295 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро сериски  BMW XM

Ѕирнете во „тајниот склад“ за автомобили на Volkswagen затворен за јавност

Nissan најави возење од Северен до Јужен пол со електричен автомобил

Блиндиран Cadillac Escalade   

Hertz, во „rent-a-car“ понудата го имал и Shelby GT350

Се погласни се шпекулациите за голем седан на Alfa Romeo

LaFerrari Aperta продааден за 5,3 милиони долари

Aston Martin DBX707

Mercedes го продаде најскапиот автомобил на светот за 135 милиони евра