Mercedes EQE, премиерно на IAA 2021 во Минхен.

Oд Мercedes неодамна објави дека до 2025 година, клиентите ќе имаат електрична алтернатива за секој модел што го произведува овој премиум бренд…

Ова веќе започна, со моделите EQS и S, како и моделите EQV / V, EQC / GLC, EQB / GLB и EQA / GLA. Сега доаѓа најавата за електричниот Mercedes EQE, чија премиера ќе биде во септември оваа година, на саемот во Минхен. Затоа EQE е електрична алтернатива на Е-Class, при што EQE има сличен дизајн како и поголемиот EQS.

Како што и се очекуваше, EQE би требало да има прилично долго растојание помеѓу оските (платформата е Архитектура на електрични возила –  Electric Vehicle Architecture – EVA  ), што ќе овозможи пространа и комфорна внатрешност. Покрај тоа, ќе добие ентериер инспириран од горе споменатиот електричен модел EQS.

Иако се уште нема официјални детали, се очекува новитетот EQE да добие батерии од со капацитет од 90 и од 108 kWh, со автономија во основната верзија, со едно полнење на батериски пакет од  најмалку 483 километри. Основната верзија очигледно ќе има еден електромотор (со околу 300 КС) и погон на задните тркала, и посилна верзија на два електромотори (со повеќе од 500 КС) и погон на сите тркала.

Покрај тоа, Mercedes треба да понуди и AMG варијанта, од нивниот перформанс оддел. Во контекст на веста е и информацијата дека EQE ќе биде во продажба од следната година, по цени што ќе започнат од околу 65.000 фунти, според британски извори.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Maserati Grecale пристигнува 16 ноември

Aura EV – футуристички двосед на струја со голема автономија

Идната генерација на Dacia Duster -хибриднa, но и натаму пристапна

Toyota Corolla Cross GR Sport

Во Zenvo Automotive планираат хибриден супер автомобил

Претставен Nissan GT-R:ексклузивна верзија за најсреќните

Citroen C5 Aircross Black Edition

Geely Vision X6 Pro

Претставен BYD Ocean-X Concept