Mеrcedes и Gеely со заеднички проект вреден околу 800 милиони долари!

Mеrcedes и Gеely , деновиве договорија соработка и заедно ќе исфрлат на пазарот серија на Smart електрични возила, a целиот проект е вреден 780 милиони американски долари…

Двете компании ќе вложат по околу 390  милиони долари и во Кина ќе изградат „премиум верзија на интелигентни електрични возила“  што ќе се продаваат под името Smart, a ќе се изработуваат во Нингбо, јужно од Шангај.

Како што јавуваат и Mеrcedes и Geеly, тоа возило како главна база ќе ја има Кина и Германија, а Mercedes ќе работи на дизајнот, додека Geely ќе бидее задолжен за инженерскиот дел од проектот.

Кога во март минатата 2019 година објавија дека ќе дојде до соработка најавија и дека ќе ја развиваат наредната генерација на Smart електричните автомобили и истата би требало да почне да се продава од 2022 година и според последните информации дефинираните термини нема да се менуваат.

„Ги добивме сите потребни дозволи за работа и подготвени сме да појдеме во заедничка авантура со нашиот партнер Geеly и за тоа се подготвуваме повеќе месеци. Оваа соработка ќе донесе нова генерација на возила што не загадуваат животната средина “, изјавил Ола Калениус, еден од директорите на Daimler и на Mercedes Benz.

„ Ќе работиме заедно со Mercedes Benz за да го трансформираме Smart во водечки бренд на пазарот на електрични автомобили и се надеваме дека ќе ги исполниме барањата на купувачите на глобално рамниште “, изјавил диреторот на Geely Holding Ли Шуфу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW го смени шефот за развој на софтвери- Дојде како засилување, заминува како разочарување!

Jeep освои престижни награди со моделите Renegade, Wrangler и Grand Cherokee

Tesla атак со пониски цени и посилни полначи!

Горивата од полноќ повторно со повисоки цени

Uber ја купува апликацијата за достава на храна Postmates

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

Suzuki го повлекува Jimny од европскиот пазар

WEY Project 01

Kia Sorento Hybrid и официјално стартува со производство