Mercedes на вонреден сервис повикува речиси 300.000 автомобили

Уште едно големо отповикување за германската премиум марка и тоа на еден од најзначајните и најголеми пазари во светот – од другата страна на Атлантскиот океан…

Ова големо повлекување на моделите на брендот сребрената ѕвезда со три крака во логото, од Штутгарт на пазарот во САД всушност ги „погаѓа“ сопствениците на возилата на Mercedes од сериите ML, GL и R, кои се произведени од 2006 до 2012 година.

Сите тие биле известени да престанат да ги користат автомобилите и да не ги користат додека службите на Mercedes не извршат детален преглед на возилата на четири тркала.

Проблемот е во системот за сопирање, каде што корозијата може да предизвика сопирачките целосно да престанат да работат!

Германската марка ќе ги прегледа сите 292.287 автомобили засегнати од повлекувањето.

Доколку се најде проблем на возило, тој ќе се реши на сметка на Mercedes со поставување на нови, соодветни делови.

Според американските и функционерите на Mercedes, досега немало сообраќајни незгоди, како и повредени или смртни случаи како последица на неуспехот на брендот со трикрака ѕвезда.

Mercedes ја започна истрагата минатата година, но решија да почнат со отповикот дури во мај годинава, бидејќи сметаат дека има големи шанси сопирачките да престанат да работат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi вложува уште 300 милиони евра во својата фабрика во Унгарија

Hyundai и KiA во проблеми поради дизелот

До 2030 година во ЕУ ќе има над 60 милиони електрични автомобили

Половина од постојките за полнење на EV во Европа се лоцирани во две земји

Stellantis го запира производството во погоните во Рен поради недостаток на чипови

Tesla ги поскапи автомобилите во САД поради инфлација

Во Шпанија ќе се произведуваат новите генерации на електрични модели на Ford

VW е нова жртва на недостаток на полу проводници во светот на автомобилите

Гига фабриките на Tesla во Тексас и Берлин просто „горат“ милијарди долари !