Mercedes прв воведува воздушни перници за задни седишта

Mercedes S-Class е познат по својата удобност и луксуз, но исто така е пионер во однос на безбедноста…

Од Mercedes потврдија дека овој модел ќе има „прв во светот воздушна перница за патниците од задните седишта“, така што ова веројатно ќе стане стандард што ќе се применува кај сите возила.

Целосните детали ќе бидат објавени следната недела, но Mercedes соопшти дека воздушните перничиња на задните седишта се дизајнирани да ги штитат патниците во случај на преден (челен) удар.

Воздушните перничиња се чини дека се поставени на задниот дел од предното седиште и се активираат при судир.

Очигледно имаат форма на латинската буква U и тоа веројатно им овозможува да дејствуваат како ракавица и безбедно да ја заштитат главата на патникот на задното седиште.

Од Mercedes не кажуваат многу детали за воздушните перничиња, но истакннуваат дека тие имаат „сосема различен концепт во однос на предните воздушни перничиња“.

Компанијата конкретно соопшти дека воздушните перничиња ќе можат да се прилагодат на детските седишта и ќе бидат безбедни за сите.

Покрај новите воздушни перничиња, Mercedes  ја надгради и функцијата Pre-Safe Impulse Side и користи сензори на радарот за да открие непосредно странични удари, а потоа ги надувува воздушните перничиња на седиштата за да го заштити возачот и совозачот од удари што доаѓаат странично.

Новиот Mercedes S-Class премиерно би требало да се претстави на 2 септември оваа 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Enyaq iV- 2021: прв чешки SUV, класа на Kodiaq е навистина „вау”!

Електричен  Aviar R67 – Mustang на струја од Русија

Електричниот Fisker Ocean ќе се произведува во Австрија!

Hyundai го лансира Ioniq како нов суб-бренд за ЕВ

Lucid Air ќe го надмине Teslа во однос на автономијата на EV

Над милион јавни полначи за EV ширум светот

Audi брзината на процесорите поважна од бројот на КС

Групацијата FCA со партнерот Waymo уште поблиску о возење без возач!

Покажан првите примероци на хипер автомобилот Bugatti Divo