Метеж во „тунелот на Маск“ под Лас Вегас

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа застојот во сообраќајот во тунелот „Loop“ кој под Лас Вегас го изгради американскиот бизнисмен Илон Маск, односно неговата компанија Boring Company…

Тунелот со една лента е долг 2,7 километри и наводно го заменува 25-минутното пешачење со две минути возење.

Сепак, на видеото објавено на социјалните мрежи се гледа „гужва“ создадена на едно од местата за пoаѓање, а причина може да биде Саемот за потрошувачка електроника, кој се одржува во Конгресниот центар во Лас Вегас.

Некои корисници на социјалните мрежи ја искористија можноста да го „исмејуваат“ тунелот затоа што е направен за да се избегне сообраќајниот метеж, а сега го има истиот проблем.

Маск ја основа компанијата Boring во 2016 година и има намера да го прошири тунелот во Лас Вегас на други големи дестинации, а подоцна да го поврзе со Лос Анџелес.

Ова може да го намали времето на возење меѓу двата града од четири или пет часа на помалку од два часа.

Сепак, слични проекти беа одбиени во Вашингтон, Балтимор и Чикаго, додека претставниците на Форд Лодердејл, во Флорида, дадоа „зелено светло“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan Silvia се враќа 2025 година како EV

Toyota фабрички ќе ги преработува своите половни возила

Електричниот Mercedes EQS ќе се склопува во Индија

Jetour T-X

Во Германија испорачани 10,000 електрични MINI

Француска жандармерија Alpine A110

Во Словенија Nissan GT-R спасува (влече) шлепер!

Gordon Murray Automotive Т.33 најавен за 27 јануари

Alpine A110 Hybrid