Microsoft  и BMW Grоup лансираат Отворена производна платформа

Со тоа би се трансформирала ефикасноста на дигиталното производство во целата индустрија и ќе креираат нови можности за соработка во целиот производен синџир…

Microsoft и BMW Group планираат да ја зголемат ефикасноста во погоните за монтажа повикувајќи различни производители во автомобилскиот сектор, соопштија и двете компании на отворените денови на индустријата во Хановер, Германија.

Скот Гутри (Scott Guthrie), извршен директор на Microsoft, кажал дека целта е зголемување на ефикасноста на дигиталниот производ во целиот сектор. Повеќе од 3.000 машини на автономните превозни системи и роботи ќе бидат поврзани со платформата на Microsoft наречена Azure.

До крајот на годината, Платформата ќе биде проширена помеѓу четири од шесте партнерски компании и тоа до крајот на тековната 2019 година.

Додека минатата недела Volkswagen, Amazon и Siemens најавија иницијатива на партнерско креирање на сметачки облак за исто така да ја зголемат продуктивноста во монтажните погони на овој производител на автомобили во Германија.

Отворените денови во Хановер  се една од најголемите манифестации од овој вид во овој сегмент на индустрија,a за јавноста е отворен од понеделникот и трае до денес.

IT, нови 5G мобилен систем за комуникација и интернет протоколи … се главни теми на годинешните отворени врата на индустријата ….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bosch воведува 3D дигитална инструмент плоча!

Chevrolet со нов систем што условува врзување на појас

Razer со Chroma и кај автомобилите

Алијансата на производители на автомобили инвестира во AI Start-Up Recogni

Hyundai со електрмобил со соларно пoкрив за полнење батерии!

Новиот V8 Godzilla на Ford од 7,3 литри ветува голема сила на мали вртежи!

Hyundai со систем за монеторинг и сигнализација за состојбата на задната клупа

Новата Corsa е нај аеродинамичен – супер мини на пазарот

Driver Alert- Со електроника против сон зад управувачот