Microsoft инвестира две милијарди долари во возила што сами возат

Како дел од новиот проект, Microsoft соработува со Cruise – подружница на „General Motors, која е задолжена за самостојно управливи модели на автомобили ….

Целта е да се забрза комерцијализацијата на автономните возила, а Microsoft внесува инвестиција од две милијарди американски долари во проектот. Honda и General Motors претходно инвестираа во Cruise, така што вкупната вредност со инвестицијата на Microsoft достигнува 30 милијарди долари.

Microsoft и Cruise на тој начин влегуваат во долгорочно стратешко партнерство, што е првпат софтверскиот гигант сериозно да се заинтересира за технологијата на самовозечко возило.

Како дел од договорот, Cruise исто така ќе го користи Azure – cloud computing системот на Microsoft, со цел што побрзо зголемување на приходите од продажба на автономни возила.

Microsoft истакнува дека инвестирањето во нови технологии е важно за напредокот на човештвото, а тоа се однесува и на модернизацијата на превозот на патници.

Целта е автономното возење да стане „мејнстрим“, а возилата што управуваат самостојно да станат доминантни на патиштата ширум светот.

Cruise, заедно со конкурентските фирми како Waymo, веќе работат на тоа, така што веќе започна со тестирање на својот прв целосно автономен модел на улиците на Сан Франциско.

Тоа е Cruise Origin, автомобил без волан, кој компанијата го претстави за прв пат во 2020 година.

Возилото е дизајнирано така што може да поврзе повеќе патници.

Microsoft досега отсуствуваше од трката за развој на нови модели со самостојно управување, но тоа сега се менува, бидејќи се доведени во прашање големиот профит и пристапот до информации што ќе ја обликуваат новата ера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Tucson го помина тестот на северен елен со солидни 71 км/ч

Нови детали за иновативниот Hyperscreen дисплеј во EQS

Cupra Formentor и Polestar 2 на EuroNCAP Crash Test со максимални оцени!

Во Сингапур се тестираат автобуси во јавен сообраќај

Cupra започнув нова ера со Cupra Born

Ford разви панел за подобра видливост за патари и другите служби ноќе

Ducati Smart Jacket- елек со интегрирано воздушно перниче

Huawei влегува во автомобилски бизнис

Audi унапреди неколку PHEV модели со помоќни, поголеми батерии