Милениумците  обожаваат авто-тјунинг и на тој хоби трошат милиони

Како дел од најголемиот светски саем за тјунирање, SEMA беше спроведено истражување кое докажа дека Миленилиумците го сакаат тјунирањето на автомобилите и не се двоумат да потрошат големи суми на пари…

Тоа е спротивно на сè почестиот став дека денешната младост сè помалку го следи развојот на настаните во автомобилската индустрија и дека концептот на споделување автомобили, автомобили што се сами возат и други современи иновации станува сè поприфатлив за нив.

На пример, дури 82% од младите на возраст од 23 години имаат возачка дозвола, а 32% од нив барем еднаш посегнале  по некои додатоци за тјунирање  за да го надоградат својот автомобил.

Како што се очекувало, речиси половина од таквата инвестицијата е во замена на бандажи и гуми, додека повеќе од 40 % од нив инвестираат во додатоци за каросеријата.

Интересно е што само 15 до 20 проценти љубитлиите на тјунингот прибегнуваат кон модификација на моторот и погонот.

За нив поважен е визуелниот впечаток.

Жените, притоа воопшто не се на маргините, бидејќи учествуваат во вкупната маса потрошувачи со додатоци за тјунинг со значителни 32 проценти.

Според најновите податоци, светскиот пазар за тјунирање, годишно, бележи трансакции во вредност поголема од шест милијарди евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно цело село во Франција ќе вози Renault Zoe!

Брендирани маски и еколошки Fiat 500e за претседателот на Италија!

Ставата на Ferrari 250 GTO повеќе не е заштитена – реплики на повидок

Наскоро Mercedes-AMG GT Black Series

Неуништливиот Aurus: Луксузната руска лимузината ги мина сите тестови

Најавен новиот Ford Bronco

Шефот на Nissan се извини поради загубите!

Lamborghini најави промоција на ново возило на 8 јули

AC Cobra вратена во живот и електрифицирана!