Милијардерот Илон Маск ги распродава недвижнините, огласил пет куќи за продажба!

Американскиот милијардер Илон Маск (Elon Musk) продолжи да го исполнува ветувањето дека нема да поседува никакви куќи и најави продажба на пет од нив…

Тој пушти во продажба пет имоти што ги поседува во Калифорнија со вкупна вредност од 97,5 милиони американски долари.

Четири од тие се во Бел-Ер и еден во престижниот Хилсборо во Силиконската долина.

Веќе претходно, кога на почетокот на мај објави дека сака да живее во изнајмен имот, дал во продажба два имоти во Бел-Ер. Тој ги огласил тие два имоти по цена од 39,5 милиони долари.

Имотот во Хилсборо се протега на над 47 хектари и има пешачки патеки, градини и куќа стара повеќе од 100 години, со десет спални соби.

Тој минатата недела исто така твитна дека ќе го пресели седиштето на неговата компанија Tesla од Калифорнија во Невада, откако локалната власт не му дозволиле да започне со работа во фабриката во Фремонт, поради рестриктивни мерки во рамките на борбата против коронавирусот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите