Mini Clubman Final Edition

Mini сега им нуди на клиентите ограничено Final Edition издание на моделот Clubman долг 425 см…

Произведени се 1.969 единици (референца за годината на лансирањето на оригиналот), а 100 единици беа наменети за британскиот пазар.

Со цена од 37.000 британски фунти, што е за 4.710 фунти повеќе од Cooper S Exclusive на кој е базиран, добивате избор од три надворешни бои во Nanuc White, Enigmatic Black и Melting Silver.

Ова е комбинирано со бакарни детали на хаубата, лентите на хаубата, како и на страничните и задните врати.

Во бакарна боја се и 18-инчните тркала.

Има и натпис „Final Edition“ на задниот дел, а „1 of 1969“ на C-столбот служи како потсетник за бројот на произведени примероци на Clubman Final Edition.

Внатрешноста се одликува со значки на оваа едиција на спортски седишта во Nappa кожа, праговите на вратите и патосниците, заедно со потемната облога на контролната табла со Sage Green ленти.

Загреани седишта, 8,8-инчен екран на допир со Apple CarPlay и сателитска навигација, камера за возење во рикверц, електрични ретровизори, панорамски подвижен покрив и аудио систем Harmon Kardon се добиваат како стандардна опрема.

Моторот е  со работен волумен од 2,0-литри, со четири цилиндри, турбо бензинец, со моќ од 176 КС.

Оваа погонска единица на оваа лимитирана едиција и обезбедува солидни перформанси. Имено за забрзување од 0 до 100 km/h и се потребни само 7,2 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинескиот GWM Wey 03 го напаѓа VW Tiguan, Hyundai Santa Fe, Toyota RAV4…

Претставен серискиот Тесла Cybertruck

Запознајте го најкомплетниот досега Duster

Дигитална, полуксузна, поефикасна: новата Panamera

Нов Hyundai Santa Fe

Нов Chevrolet Traverse

Новиот Peugeot e-3008

Lancia Y доживеа уште едно подобрување

Peugeot e-3008 премиерно на 12 септември