MINI на купувачите кои чекаат испораки им испраќа џиновски сложувалки

Кризата со чипови и бавни логистички синџири ја зголемува нервозата на состаноците на директорите на компаниите кои работат во автомобилската индустрија, па се раѓаат некои креативни идеи…

Новите Mini автомобили се чекаат со месеци, а американската филијала на компанијата очигледно се среќава со незадоволни клиенти кои се навикнати на експресна услуга.

Сега, доаѓаме до делот каде што зборуваме за креативни идеи за ублажување на доцнењето во испораките.

Имено, на некои клиенти им се нудат сложувалки со големина на автомобил наместо Mini.

Во продавниците не можете да најдете џиновска сложувалка, а во Mini се потрудиле некои клиенти да ја состават во својата гаража, пишуваат специјализираните портали.

Mini има 350 загатки (сложувалки) и ги нарекол ТЕШКО РАБОТИМЕ-ДА ВИ ГО ДОБИВАМЕ-ВАШИОТ-АВТОМОБИЛ, ЧЕКАЊЕ-Е-НАЈЛОШОТО, ВО МЕЃУВРЕМЕ-СРЕЌНО-СЛОЖУВАЧИ, МИНИ СЛОЖУВАЛКА (WE’RE-WORKING-HARD-TO-GET-YOU-YOUR-CAR, WAITING-IS-THE-WORST, IN-THE-MEANTIME-HAPPY-PUZZLING, MINI PUZZLE)  или не толку МИНИ загатка / сложувалка (Not So MINI puzzle).

Не е познато дали ова ќе ја задоволи жедта на клиентите, но барем е оригинален поглед на проблемите кои ја мачат автомобилската индустрија. Џиновски загатки (сложувалки) ќе добиваат само одбрани клиенти, а останатите ќе треба да се задоволат со помали модели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda  Enyaq iV кампер

ELegend EL1 и EL2 ќе бидат инспирирани од легендарни спортски автомобили

Tркачки Maserati MC20 GT2

Како е создаден светски препознатливиот архитектонски симбол на Минхен?

Конфискуван Ferrari 458 Italia во чешката полициска флота

Lamborghini Huracan Sterrato

Hopium Machina Vision

Toyota GR86 10th Anniversary Limited

Citroen C3 Aircross Rip Curl