Мистериозна Honda ZR-V

Конклудентно  дејствување е термин што често може да се чуе кај толкувачите на прописи, а во светот на љубителите на автомобили, конклудентно  дејствие може да се смета за чин на производител на возила во насока на поднесување на барање за заштита на интелектуална сопственост…

Така, заклучуваме дека професионалците во јапонската Hondа моментално сериозно го развиваат новиот модел ZR-V затоа што адвокатите на австралиската филијала на компанијата се завземале да го заштитат ова име пред надлежните органи.

Благодарение на структурата, односно изборот на карактерот на заштитениот индекс, одиме чекор подалеку во претскажувањата, и следствено на тоа тврдиме дека ZR-V ќе биде позициониран во истаио строј во која веќе се наоѓаат crossover моделите HR-V и CR-V.

До тие наши претпоставки не стасавме без некоја стартна основа.

Имено, целосно се потпиравме на познатиот обожавател на Honda од Канада, кој се претставува како Рет (Rhett ), и кој никогаш не погрешил во толкувањето на намерите на јапонскиот производител.

Неговите предвидувања се толку прецизни што некој луѓе мислат дека Рет е всушност псевдоним на маркетинг тимот на Hondа.

Овој пат, Рет ни го откри документот прикажан погоре, од каде заклучуваме дека станува збор за апликација испратена до Институтот за заштита на интелектуална сопственост на Австралија, доставена на 17 април.

Сепак, од самата апликација, не можеме да извлечеме индикативен заклучок во однос на димензиите на новитетот.

Сигурно е дека ознаките RV на јазикот на Hond значат crossover или SUV. но не сме сигурни дали Z е пред или зад „H“ и „C“, односно дали новодојдениот модел ќе биде помал, поголем или некаде помеѓу двата етаблирани јапонски модели.

Повторно, веруваме дека ZR-V ќе биде малку покомпактен модел со повисока позиција за седење, отколку малиот crossover со ознака HR-V, кој според идејата на производителот, ќе донесе нови клиенти под покровителство на Hondа, бидејќи се очекува да има поприфатлива цена.

Фактот што барањето за заштита на интелектуалната сопственост е поднесено во Австралија има своја тежина.

Судејќи според тој факт, следува дека Honda ќе се фокусира на задоволување на вкусовите на клиентите од азиско-пацифичкиот регион.

Можеме да претпоставиме уште и дека не е реално да го очекуваме ZR-V пред 2022 година.

Во секој случај, немајте ниту грам сомнеж дека на оваа тема во наредните месеци ќе можеме да слушнеме многу повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!

Ford ги издвојува Bronco и Mustang како посебни марки!

Кои модели на Lada најмногу се исплатливи за првиот сопственик

Mercedes-Benz S-Class (W223) дефинитивно пристигнува есенва!

Lotus Evija во финална фаза !

Škoda тротинет- го собира на местото за резервно тркало

Fiat планира ривал на Nissan Qashqai а се враќа и Fiat Punto

Porsche e „dream car” на повеќето, потврдила анкетата!

Како би можел да изгледа спортскиот модел на Dyson!?…