Mitsubishi Eclipse Cross доби освежување

Од Mitsubishi го претставија освежениот Eclipse Cross кој ќе пристигне во Јапонија, Австралија и Нов Зеланд пред крајот на годината, со цел да се носи рамноправно со конкуренцијата во овој се поброен сегмент…

Популарниот SUV на Mitsubishi ја задржува формата како претходниот модел, но со неколку клучни нови дизајнерски детали. како: предниот дел ја вклучува најновата верзија на препознатливиот Dynamic Shield концепт на компанијата, потоа нов преден одбојник, како и освежен светлосен потпис од предната страна….

Промените на екстериерот кај Mitsubishi Eclipse Cross продолжуваат на задниот дел каде се наоѓа редизајнираната врата и заден прозор кои ја подобруваат прегледноста, а препознатливите тридимензионални задни светла исто така добија унапредувања.

Освежувањата продолжуваат и во внатрешноста преку новиот осум инчен smartphone-link инфозабавен систем. Во споредба со досегашниот модел, освежениот го доближува екранот поблиску до возачот и совозачот за полесно користење. Екранот е чувствителен на допир, што значи дека Mitsubishi успеа да го отстрани претходниот „тачпед“ на централната конзола.

Голем број клучни технички спецификации допрва треба да бидат најавени, но производителот потврди дека Eclipse Cross ќе добие и plug-in хибридна верзија со истиот погонски склоп како кај Outlander PHEодносно комбинација од два електромотори со 2,4-литарски MIVEC мотор.

PHEV варијантата исто така автоматски ќе селектира меѓу EV, Series Hybrid и Parallel Hybrid возачки режими за да се адаптира на различни околности.

Освежениот Mitsubishi Eclipse Cross ќе продолжи да се нуди со 1,5-литарски MIVEC четирицилиндричен мотор кој се карактеризира со нов турбо полнач. Во понудата ќе се најде и 2,0-литарскиот бензинец со 2,2-литарскиот дизел мотор. Во понуда ќе има шестстепен мануелец, осумстепен автоматик и на крајот CVT  систем на трансмисија. Исто така ќе доаќа со погон на предни, или на сите четири тркала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition

Од инсајдерски кругови протече цената на Dacia Spring Electric

Уловен новиот Porsche 911 GT3 RS