Mitsubishi ја напушта Европа

Откако загуби повеќе од милијарда и пол долари во првата половина од оваа година, јапонскиот производител се одлучи за радикални потези, вклучително и запирање на продажбата и развојот на нови модели за европските пазари…

Јапонскиот Mitsubish ги објави своите деловни резултати за првата половина на 2020 година, а тие покажуваат загуба на деловна активност од 1,6 милијарди долари.

Како резултат на тоа, компанијата одлучи да започне да го насочува својот бизнис и да се концентрира на своите најпрофитабилни области.

Објавена е и тригодишна деловна стратегија наречена Small but Beautiful (Мал, но прекрасен), во рамки на која Mitsubishi значително ќе ги намали своите трошоци и ќе се фокусира на азискиот регион.

Ова значи дека реструктуирањето ќе донесе заштеда во фиксни трошоци од околу 20%, но и дека некои пазари ќе бидат напуштени.

Првенствено, се зборува за пазарите на Велика Британија и Европската унија, каде Mitsubish повеќе нема да ги продава своите нови модели, ниту пак ќе ги развива за овие пазари во иднина.

Постојните модели произведени за европските пазари и натаму ќе бидат пуштени во продажба, а продажната мрежа ќе обезбеди поддршка и за сите постојни купувачи на возила до понатамошно известување.

Продажбата на постари модели на возила ќе продолжи сè додека е „легално“ на овој пазар, т.е. се додека прописите за емисија на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина тоа го дозволуваат.

Фокусот на новите модели на Mitsubishi со тоа ќе биде ставен исклучиво на Азија, каде јапонскиот производител планира да го зголеми својот пазарен удел од постојните 6% на околу 11%.

Ќе се обиде да го постигне тоа со започнување на нова замена за популарниот SUV модел Outlander, како и нов, потполно електричен теренец за кинескиот пазар во текот на следната година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford ги запре испораките на Kugа PHEV поради опасност од самозапалување!

Mitsubishi од септември ги запира испораките на SUV возила во Европа

Уште еден познат автомобил исчезнува од пазарот во САД!

Toyota Corolla – Најпродаван автомобил во првата половина на 2020 година

Шефот на РЅА Opel од идната година ќе носи профит

Golf се врати на врвот на Европа!

SEMA сепак го откажа настанот за 2020 година

Продажбата на Lada го достигна нивото пред кризата и продолжува да расте!

Во Франција расправа за локацијата каде ќе се прави електричната Dacia