Mitsubishi од септември ги запира испораките на SUV возила во Европа

Барем така тврди Autonews Europe, повикувајќи се на неименувани извори, астанува збор за одлука со која се суспендираат испораките на SUV моделите на европскиот пазар….

Веста за овој изненадувачки потег на раководството на Mitsubishi доаѓа веднаш по официјалното соопштение дека компанијата ќе го олабави своето присуство во Европа, а ќе биде поангажирана во Југоисточна Азија и ќе ја прекине испораката на нови модели во Европа.

Тоа е радикален потег што го запира лансирањето на нови модели во Европа, но ги повлекува и моделите кои ја сочинуваа основата на продажбата на марката.

Потсетуваме, Mitsubishi Outlander PHEV е најпродаваниот plug –in хибрид во Европа, кој заедно со SUV моделите ASX и Eclipse Cross сочинуваат 64% од европската продажба.

И тоа, со оглед на 53.224 продадени возила во првите шест месеци од кризата погодена 2020 година, не е малку.

Истиот извор забележува дека најпродаваниот модел на Mitsubishi, Space Star ќе остане во Европа до крајот на следната година. Истата судбина ја чека и pick-up моделот L200.

Ваквата ослабена понуда во Европа ќе биде голем предизвик за локалните дистрибутери кои веќе не можат да бидат конкурентни и со тоа деловни. Mitsubishi Европа сè уште не ја коментираше оваа тема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите

Колку чини новата S Class на домицилниот пазар