Mitsubishi Pajero II наскоро би можел да се врати во Русија

Од на сите познати и никому драги причини, Руската Федерација денес е дефицитарна со автомобили, нови и користени…

Прашање е кога воопшто ќе се стабилизира понудата, дали наскоро ќе влезе во малку понормално темпо на живот на територијата на источна Европа. Сепак, економијата не запира, а испразнетите места од една група ги преземаат други со брзо темпо на пазарот, па Кинезите добија неочекувана шанса во непосредното соседство. Во текот на изминатите пет години видовме многу успеси во автомобилската индустрија на Средното Кралство, а бранот невкусни копии на четири тркала, инаку составен од елементи од различни марки, беше заменет со целосно независни автомобили создадени од еминентни студија и опремени од светски познати компоненти. Се чини дека цела Кина премина на ново ниво на игра, што можете да го заклучите врз основа на приказни за новитети од таа земја, што просто ги преплавија специјализираните портали на глобално рамниште…

Во минатото )од аспект на автомобилската индустрија), Кинезите почнаа, покрај нивните сопствени креации, да произведуваат едноставни и сигурни автомобили што некогаш ги составуваа врз основа на купените права за лиценца од Јапонците.

Некои од овие модели преживеале во непроменета форма до ден-денес, па на листата се најде и вистински теренец, оној со школка на шасијата. Ако ви кажеме дека се вика Changfeng Liebao Leopard, немаше да имате поим за кое возило се работи, но не бидете толку сигурни, бидејќи сигурно знаеме дека сте запознаени со моделот. Значи, станува збор за целосна копија на легендарниот теренец со ознака Mitsubishi Pajero II, оној на кој се сеќаваме од бурните 1990-ти.

Се стекна со слава по својата сигурност и проодност на сите терени. Кинезите едноставно ја купија целата производна линија и правата за лиценца од Јапонците, визуелно ја подобрија легендата и едноставно продолжија да го склопуваат возилото што можеби најмногу придонесе името на јапонската марка да добие на значење во автомобилската индустрија.

Кинеската верзија се разликува од класичниот Paјerо само по недостатокот на дизел мотор, кој беше заменет со бензинец кој црпи 125 КС од волумен од 2,4 литри. Менувачот е од семејството EasySelect, а конструкцијата е надополнета со рамковен мост.

Нема разлика помеѓу резервните делови, сè стои совршено. Доколку сте скептични за квалитетот на изработката, треба да се нагласи дека гласни критики не се слушаат бидејќи контролата над производствениот процес била во рацете на оригиналните дизајнери од Јапонија. А самата компанија, која е актуелен производител, припаѓа на еден дел од познатата компанија GAC, која повторно е во одлични односи со Mitsubishi.

Инаку, појавувањето и промоцијата на споменатиот GAC во Русија, кој досега во таа земја нудеше само поскапи модели, лесно може да ги донесе лиценцираните Јапонци во најголемата земја во светот. Ова всушност би бил еден од виталните услови што би придонел за раст на пазарниот удел на која било марка, бидејќи без пристапни и широко достапни возила нема зајакнување на позицијата во конкуренцијата на пазарот.

Секако, има уште многу неодговорени прашања, па не знаеме која може да биде цената, а локалниот бренд се уште не е доволно популарен, па има и квоти за испорака, а тука е и прашањето за логистика.

Но, Кинезите веќе еднаш се обидоа да го донесат Changfeng Liebao Leopard на рускиот пазар, па вториот влез не само што е веројатен, туку ќе биде и многукратно поуспешен, бидејќи теренот е изоран, но не и посеан.

Русите мора да го искористат моментот, а Кинезите се многу, многу брзи по ова прашање. Напишавме дека во Русија практично се отстранети еколошките стандарди, а се подготвува и подготвува директен финансиски мост меѓу руската рубља и кинескиот јуан. Навистина голема шанса што деловно пред-приемчиви Кинези секако нема да ја пропуштат!?

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 electric најпродаван EV автомобил во Европа

Mercedes B Class во 2025 година ќе замине во историја

Новиот Mercedes GLC на најавни слики

Tеsla повлекува 130.000 возила

Toyota годинава очекува пад на оперативниот профит

Признанија на списанието Autocar за Питер Шрејер и Kia EV6

Mercedes на вонреден сервис повикува речиси 300.000 автомобили

Можно враќање на GM во Европа

Цените на бензините повторно растат, дизелот поевтинува