Mitsubishi Pajero Sport доби освежување

Изграден врз основата на  L200, јапонскиот бренд го покажа освежениот изглед на Pajero Sport, пред официјалната премиера на 25 јули

На стартот на тековната 2019 година, јапонскиот SUV беше „уловен“ на тестирањата во Шведска, а сега пред речиси самата премиера, на 25 јули на ТајландMitsubishi го откри неговиот освежениот изглед.

Затегнувањето на брчките на овој SUV базиран на L200, е впечатливо,а сликата го покажува изгледот на предниот дел, од каде се гледа дека Pajero Sport има многу сличноси со редизајнирата верзија на моделот L200.

Познатиот Dynamic Shield дизајн е земен од  Pajero Sport, со идентични решетка и фарови, каде новитет е LED потписот, кој ќе го карактеризира овој модел, а браникот доаѓа во малку поспортско издание, додека пак вториот пар светла се со поинаква форма.

Од Mitsubishi се сеуште шкрти во изнесување на детали , но се изјаснија дека подобрувања се направени и во поглед на дизајнот, удобноста и квалитетот.

Со оглед на силната врска со подновениот L200,  се очекува и Pajero Sport да го има истиот  дизел мотор со работен волумен од  2,4 литри, со турбо полнач, со моќност од 178 КЅ и 430 Nm вртежен момент .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продажбата во Европа бележи пад

Свечено доделена ATV Honda TRX 500 FM на Томе Николовски

Нов производ на Volvo Cars Macedonia

Во Токио Mitsubishi со нов SUV концепт

Од Ford најавуваат и други модели на МЕВ платформата

Почна производството на хибридната Škoda Superb iV

Маскираниот VW ID.4 „уловен“ на тестирање

Германците планираат милон полначи за EV

Четврт век на KIA Sportage , пионер во класата и омилен кај нас