Mitsubishi со тизер го најави Eclipse Cross

Производителот на автомобили од Јапонија и најновиот член на Алијансата Renault Nissan Mitsubishi започна тизер кампањата за освежениот Eclipse Cross…

Моделот Mitsubishi Eclipse Cross треба да дебитира до крајот на март следната година, а компактниот crossover-coupе ќе пристигне со ревидиран стајлинг, инспириран од e-Evolution концептот од 2017 година, со „радикално променет преден и заден дизајн“, велат од Mitsubishi.

„Новиот дизајн влече инспирација од Mitsubishi e-Evolution концептот, нагласувајќи ги моќта и динамиката од нашето SUV наследство, притоа засилувајќи ја чистината и елеганцијата на SUV моделите со купе изглед. Eclipse Cross е првиот чекор кон новата генерација на Mitsubishi Design, а пристигнува уште многу повеќе“, изјави дизајнерскиот шеф на компанијата Сеиџи Ватанабе.

Шпиунските фотографии кои се појавија претходно индицираат на присуство на нов преден браник, освежена предна решетка и магленки, додека на задниот дел забележлив е почистиот дизајнерски стил.

Задните светла исто така се дел од унапредувањата, како и задниот браник и веројатно страничните прагови.

Покрај визуелните промени, Mitsubishi Eclipse Cross ќе му се приклучи на Outlander PHEV како втор plug-in хибриден SUV на компанијата.

Но за деталите околу погонот допрва треба да бидеме информирани а од Mitsubishi истакна дека истиот ќе биде лансиран на одредени пазари.

Од друга страна, гамата агрегатски единици од актуелниот модел би требало да биде задржан, со тоа што Европа ќе го добие 1,5-литарскиот турбо бензинец и веројатно 2,2-литарскиот турбо дизел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition

Од инсајдерски кругови протече цената на Dacia Spring Electric

Уловен новиот Porsche 911 GT3 RS