Групата Renault ќе добие нова организациска единица – Mobilize, која ќе се занимава со електрични автомобили и напредни технологии….
Twizy го започна својот животен (пазарен) век во 2011 година и оттогаш има повеќе или помалку успешна кариера. Французите тогаш го замислија како возило за урбани услови на експлоатација. Овој концепт на микро-возило не одеше добро кај потрошувачите (околу 20 000 единици), така што на Mobilize ќе му биде дадена улогата да ги коригира направените грешки и да го направи наследникот многу подобар и поразновиден.
Сега е воведен нов концепт наречен EZ-1. Овој автомобил е сличен на сегашниот Twizy, но тој е доволно различен за да го подобри дизајнот и да ги поправи недостатоците.
Од Renault најавуваат деловен план за ЕZ-1 што ќе се заснова на принципот „плати за употреба“ и ќе се плаќа според времето што ќе се искористи или бројот на поминати километри.
Францускиот бренд го истакна и за фактот дека ќе биде достапно и високо ниво на поврзаност со клиентите преку паметен телефон.
Mobilize, поточно Renault ќе пристапи кон поинаков принцип на полнење на батеријата.
Поточно, ќе може да се полнат батериите на класичен начин, но и да се менуваат, па така ќе нема проблеми поврзани со времето потребно за полнење на батеријата и со тоа да се елиминира главоболката што се однесува на автономијата и дополнувањето на батериите.
Французите исто така истакнуваат дека ЕZ-1 ќе се иззработува со големо учество на рециклирани материјали (дури 50%). Од друга страна, 95% од материјалот што се користи за создавање на EZ-1 ќе се рециклира.
Останува прашањето што ќе се случи со А сегментот кај Renault, односно дали Twingo ќе добие нова генерација.На презентацијата на планот Лук де Мео, до 2025 година не се зборуваше за нов автомобил во таа класа.
Актуелниот Twingo е на сцената од 2014 година, но неговата електрична варијанта влезе на сцената минатата година.