Моделите на Abarth официјални возила на Автодромот Дубаи!

Препознатливиот спортски автомобилски бренд Aјеbarth е официјален партнер на првиот во вид на службени возила на целосно интегриран мото спорт комплекс автодромот во Дубаи…

Ексклузивниот дистрибутер на Fiat и Abarth возилата во Дубаи и во Северните емирати National Auto, потпиша спогодба со Автодромот во Дубаи, првиот во целост интегриран повеќе наменски мото и спортски забавен комплекс (Dubai’s first fully integrated multipurpose motorsports and entertainment complex), со која со високи перформанси италијанскиот бренд Abarth e официјален партнер за возила за 2020 година.

Претворување на обичното во нешто необично и да понуди најдобри производи во сегментот на мали спортски автомобили; тоа е мисијата на Abarth – бренд со препознатливата значка на Скорпија – што од секогаш претсатвувал симбол за перформанси и италијанскиот стил што стана икона призната и препознатлива глобално.

Како што е наведено на почетокот National Auto  е застапник на компанијата Abarth во Дубаи и во Северните Емирати од минатата 2018 година и во целост  е опремен на сите купувачи да во ОАЕ (Обединетите Арапски Емирати) да им ги понуди и да им ги обезбеди  ограничените изданија, да им договори пакети, резервни делови и дополнителна опрема и додатоци што го обезбедуваат врвното искуство на Abarth .

Ова ексклузивно партнерство е уште една важна почест кон историјата на Abarth и 70-годишнината на брендот со скорпија  во логото.

Карло Абарт (Carlo Abarth) во 1949 година, по тркачката кариера во натпреварите со мотоцикли и автомобили,  заедно со Гвидо Скаглиарини (Guido Scagliarini) ја основал компанијата Abarth & C.

Прво произведено возило бил 204 А, базирано на Fiat 1100.

Веднаш победило на 1100 Sport Championship, како и во Formula 2.

Покрај натпреварувањата на тркачките патеки, компанијата почела да произведува и комплети за тјунинг кит (тјунирање) што ги подобрувале перформансите, силата и брзината на стандардните возила.

Во текот на наредните две децении, Carlo Abarth performance постигнале успех во секое натпреварување и поставиле 10 светски рекорди, 133 меѓународни рекорди, повеќе од 10.000 победа на патеките, а марката Abarth израснала во синоним  за спорт, тјунирање и секако за врвни перформанси и ненадминливо уживање во возењето.

Спојувањето на Abarth и на Fiat, под капата на италијанскиот автомобилски гигант од Торино се случило 1971 година, при што Fiat го купи Abarth & C S.p.А.

Во сопственост на Fiat, компанијата Abarth стана тркачки оддел на гигантот од Торино – Fiat Group и притоа продолжил и со производство на некои од нај легендарните тркачки автомобили во историјата, вклучувајќи ги тука и FIAT 124 Abarth Rally, 131 Abarth и Ritmo Abarth…

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!

Наскоро обновена Bentley Bentayga Speed

Lada 4×4 кампер

Volkswagen навести враќање на класичните модели, но со електричен погон

Кристијано Роналдо го купи најскапиот автомобил на светот Bugatti La Voiture Noire

Култниот BMW 507 денес вреди милиони долари

Zagato најави нова креација – IsoRivolta GTZ

Auto Bild VW го најави новиот Amarok