Модуларни држачи на покрив на Dacia: Паметна опрема за Jogger!

Секој кој барем еднаш се обидел да превезе долг предмет во својот автомобил, знае дека тоа е вистински кошмар…

Освен ако возите голем камп приколка или имате куфер на покривот (а може да ви треба половина час да го склопите). Дали бараме премногу ако сакаме да ги прикачиме сите одлични подароци, штици за сурфање, скии или санки на покривот за само неколку секунди?

Секако дека не, вели Dacia, која го опреми својот Jogger со иновативен систем на модуларни носачи на покривот кои комбинираат практичност и елеганција.

Денис, директор за развој на производи во Jogger во Dacia, ни открива дека со внимателно слушање на клиентите на Dacia и со малку интуиција, дошол на идеја за оваа паметна опрема!

Кога багажникот е полн и сакате да носите нешто долго и да заштедите простор за другите патници, покривот често се покажува како добро решение. Сепак, ова обично значи дека треба да купите куфер на покривот или држачи и да одвоите доволно време за склопување, што често не е евтино или практично.

Токму спротивното од она за што се залага Dacia.

Паметниот пристап на брендот е докажан и на модуларни багажници на покривот, дизајнирани специјално за Jogger.

„Dacia отсекогаш ги слушала своите клиенти. Едноставно начинот на кој функционираме одредува сè што правиме. И токму од тоа сме водени на секој чекор од развојот на Jogger. Ги слушавме нашите клиенти и им понудивме автомобил што може да направи речиси сè“ вели Денис, директор за развој на производи Jogger.

Идеја која не беше лесна за спроведување

Jogger наследил авантуристички дух сличен на оној на Sandero Stepway и Duster и го изразува преку носачите на покривот кои се протегаат по целата должина на покривот.

Инсталирањето на ваква опрема во Европа започна во 1970 година, а првично се користеше за прицврстување на куфери на покривот или дополнителни попречни носачи за предмети на покривот.

Сепак, луѓето сè уште мораа да купуваат носачи за куфери и попреку поставени носачи и да губат време за да ги инсталираат и вадат од покривот. Иако на почетокот може да изгледа како занемарлив проблем, развојните тимови на Dacia посветуваат големо внимание токму на таквите детали.

„Во почетната фаза на проектот дојдовме до идеја да ги претвориме надолжните носачи во попречни“, објаснува Денис. Лесно да се каже, но тешко да се направи: системот мораше да биде лесен за инсталирање, практичен за употреба и, се разбира, релативно достапен.

Поедноставен рачен систем

Dacia Jogger има багажници на покривот кои се само навидум надолжни. Со секој нов модел, Dacia се стреми да понуди квалитетен и достапен производ кој комбинира суштински и практични карактеристики, но тоа значи справување со ограничен буџет.

За среќа, во итен случај се појавуваат најдобрите идеи. Наместо скап автоматски систем, тимот разви поедноставен рачен систем кој бара употреба на специјален клуч, сместен во преграда за ракавици, а самиот процес на инсталација трае помалку од една минута.

Држачите се многу лесни за монтирање и, пред да кажете „Ја сакам Дачија!“, покривот на вашиот автомобил е подготвен да товари тешки и гломазни предмети.

„Положбата на багажниците на покривот може да се смени за помалку од една минута. Со оглед на тоа што можат да издржат товар до 80 килограми, на нив можете да транспортирате речиси се што сакате“, додава Денис.

Најважно ни беше системот на модуларни носачи на покривот да биде достапен за секого. Освен во почетната верзија, системот е достапен во сите верзии на моделот Jogger, вклучувајќи го и второто ниво на опрема што се очекува да биде најпродавано.

Тоа е одговор на барањата ба клиентите!

Најдобар начин да избегате од се

Dacia Jogger нуди се што им е потребно на луѓето во разновиден семеен автомобил кој ја комбинира должината на караванот и просторноста на миниван.

Дизајниран е за сите видови патувања, без разлика дали се кратко или долго. Модуларните носачи на покривот го нагласуваат авантуристичкиот дух на брендот и ја подигнуваат желбата за откривање на ново ниво.

Сето ова Денис го објаснува со метафора – „Откако ќе ги поставите носачите и ќе ги наполните сите ваши скапоцености, вашето возило се претвора во санка што ги носи вашето семејство и вас на одмор на еден час!“.

Погледнете кратко видео за Jogger носачите на покрив:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru STI E-RA Concept, Solterra STI Concept, WRX STI Concept и Levorg STI Performance Concept

Нова Honda HR-V за САД

Новиот Peugeot 4008 доаѓа 2023 и во електрифицирано издание

Јeep Renegade 2022

Dacia Bigster пристигнува годинава

Haval KuGou

Нов Citroën C5 Aurcross SUV: Апсолутен комфор во понаметлив и попрестижен дизајн

Промоцијата на Volkswagen ID.Buzz најавена за 9 март

Hybrid BMW Series 7 со 560 КС