Моќниот KTM 1290 Super Duke RR во лимитирана серија

KTM ја претстави својата најнова понуда за љубителите на супер nakid машини, новиот 1290 Super Duke RR…

Оваа машина со ограничено издание е втората верзија на популарниот 1290 Super Duke RR, кој по првичното лансирање во 2021 година се распродаде за помалку од еден час. KTM се фокусираше на тоа да ја направи верзијата од 2023 година уште полесна и поподготвена за патеката од претходната. Mотоциклот може да се пофали со сооднос сила-тежина од 1:1, со тежина од само 180 kg, што е за 11 kg помалку од стандардниот мотоцикл. Креацијата на две тркала со мотор од 1.301 кубен сантиметар има на располагање 180 КС, заедно со 140 Nm максимален вртежен момент.

KTM 1290 Super Duke RR 2023 располага со подрамка и седиште од јаглеродни влакна, заедно со многу лесни материјали за каросеријата, вклучувајќи го предниот браник, задната врата, капачето на резервоарот за гориво и штитниците на моторот.  Има WP суспензија, составена од вилушки APEX PRO 7548 и амортизери APEX PRO 7746. И двете се целосно прилагодливи.

За оние кои сакаат да го возат мотоциклот на патеката, новиот KTM 1290 Super Duke RR доаѓа со режими на возење Track и Performance. А за оние кои сакаат уште поголема моќност, можно е да се инсталира Akrapovič Evo издувен систем, кој може да ја намали тежината и да ослободи уште повеќе коњски сили.

Најзабележливата промена во однос на моделот од 2021 година е во стајлингот. Новото издание KTM 1290 Super Duke RR има потемен изглед со сјајна црна и мат карбонска шема на бои, бела графика и портокалова декорација на рамката, подрамката и фаровите.

KTM планира да произведе само 500 примероци од KTM 1290 Super Duke RR, а сите заинтересирани за купување треба да го контактираат најблискиот продавач на KTM.

Со успехот на моделот од 2021 година и подобрувањата направени до најновите, нема сомнеж дека сите 500 брзо и без проблем ќе најдат нови сопственици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati отворен за развој на мали електрични мотоцикли

BMW ја проширува линијата R 18 со нов „крузер“

Tesla Model S најавува подолг досег со помали гуми

Suzuki го задржа GSX-S750 во својата линија за оваа 2023 година

T.50 во производство!

CFMOTO подготвен да го разбранува пазарот на електрични мотоцикли

Ducati почна со производството на Scrambler моделот

Kymco i-One

Yamaha Tenere 700 Extreme Edition